На 02.03.2015 година, Епархискиот Управен Одбор на Преспанско-Пелагонсиката епархија ја одржа својата редовна годишна седница на која се разгледуваше и се заклучи состојбата на буџетот за 2014 година, и се одобри буџетот за 2015 година.
На седницата, исто така се разгледуваа и други прашања од практичните и духовните потреби на епархијата. Преспанско-Пелагониската епархија не ги покачува цените на црковните Таинства, а што се однесува на лицата кои финансиски не се моќни да ја пожртвуваат предвидената сума, Црквата бесплатно ќе ги исполни духовните потреби на христијаните.