Познатиот руски режисер и сценарист, член на Советот за државна културна политика при Советот на Руската Федерација Јуриј Гримов, раскажа за работата на првиот православен интернет пребарувач во Русија: rublev.com
„Одамна сакав, на Интернет да се појави јасен и удобен водич за верниците и за оние кои тукушто го започнуваат својот пат во светот на православната вера. Да може да се постави прашање до свештеник. Да се има пристап до прегледен, удобен и јасен православен календар. Да се поздрават блиските за нивниот именден со честитка по маил. Да се бараат празници, молитви, светители, икони, храмови и т.н. – на едно место. И сега, сето тоа е можно“, – одговара Гримов.
Тој исто така додава, дека после три месеци, сајтот треба „да стапи во полна сила“. Наместо Search, ќе стои «Ищите и обрящете» (барајте и ќе најдете). На главната страница на портаот има раздели „Молитви“, „Храмови“, „Манастири“, „Икони“, „Празници“, „Светители“.
Сајтот нуди удобен пребарувач, без непристојни реклами кои ќе ви го одвлекуваат вашето внимание. Исто така, сајтот е заштитен и од намерно пребарување на такви материјали, при што кога ќе се напише зборот „порно“ сајтот го пренасочува корисникот на страницата на седмата Божја заповед („Не прељубодејствувај“), а при истражувањето на поимот „секс“, сајтот ве пренасочува на поуката за страстите.
Во иднина, режисерот планира „Рублјов“ да се претвори во социјална мрежа, а исто така и во „Рублев-ТВ“ телевизиска емисија, пред која не треба да се плашите да ги оставите вашите деца.