На 08.11.2022 г., кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Димитриј, Преподобниот Димитриј Басарабов, Преподобниот маченик Јоасаф и споменот на големиот земјотрес, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Василиј Бардзак, протоереите Златко Костовски, Кирил Трајковски, Богуслав Сениќ, протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски, Ѓорѓи Делев и ѓаконот Кирил Данев, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.