На 20.09.2022 г., во предвечерието на празникот на Рождество на Мајката Божја, Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи празнична Вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
Овој ден е Господов, радувајте се луѓе, зашто, ете, палатата на Светлината, и книга на Словото на животот, од утробата произлезе и, вратата која е на исток, откако се роди, го чека влегувањето на Големиот светител; единствената која единствено го воведува Христа во вселената, заради спасение на душите наши!