На 10.09.2022 год., кога го славиме споменот на светите новомаченици Јасеновачки, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, сослужуваше во манастирот посветен на Свети Јован Крстител во Јасеновац.
На Светата Архијерејска Литургија началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Црногорско-приморски г. Јоаникиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-oсоговски г. Григориј, Неговото Преосвештенство епископот Милешевски г. Атанасиј, Неговото Преосвештенство епископот Пакрачко-славонски г. Јован, Неговото Преосвештенство епископот Ваљевски г. Исихиј, Неговото Преосвештенство епископот Захумско-херцеговачки и приморски г. Димитриј и Неговото Преосвештенство епископот Хумски г. Јован.
На Светата Божествена Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.