Треба да правиме добро, но да не размислуваме дека тоа го правиме, а уште повеќе со своја сила. Секогаш ќе најдеме недостатоци и далечина од совршенство во нашите дела. Треба да се учиме од опитот, дека и при напорната работа и самоодрекување, ако си ја припишуваме на себеси, не само што се лишуваме од наградата, но и паѓаме во најразлични страсти. Светите отци сиот свој богоугоден живот се сметале себеси за полоши од сите и под сета твар, преку многу маки спознавајќи ја својата немоќ, и смирувајќи се, штедро ја добиле Божјата помош во своите дела. Ти, надевајќи се на своето отсекување на волјата, помисли дека стекнуваш добродетел, а така постапувајќи, во секој случај стекнуваш внатрешен фарисеј, кој води во прелест.
Преп. Макариј