Ти испратив книга „За девственоста“ од свети Јован Златоуст, но се гледа дека не си ја добила. А јас, со ништо друго не се надевав толку да те утешам, колку со неа. Зашто и самиот бев трогнат до длабочините на душата, знаејќи колку многу од вашите сестри се измачуваат со неопределеноста на своите очекувања и надежи, не гледајќи пред себе ништо, освен маки, труд, изнемоштеност, и нејасни награди во иднина. А таму, јасно како ден се претставени непријатностите на оние кои се во брак и убавината и возвишеноста на девственоста. Прочитај ја таа книга со внимание и давај ја на другите да ја прочитаат.
Преп. Анатолиј