На 22.05.2022 г., Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Кумановско-осоговски г. Григориј, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалничлки г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, епископот Хераклејски г. Климент и епископот Стобиски г. Јаков, отслужи Света Божествена Литургија во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
На Божествената Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски – учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил.
На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.