На 05.05.2022 г., во предвечерието на празникот на Светиот Великомаченик Георгиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Празнична Вечерна богослужба во манастирскиот храм „Свети Георгиј“, во село Велушина.
Дојдете, верници собрани, дојдете да празнуваме, оти денес е споменот на страдалецот георгија, кој невидливо ги просветлува нашите срца, светејќи со добродетели. Затоа, пеејќи еднодушно, да речеме: Радувај се, на великиот Цар Христа! Радувај се, пресветла пофалбо на верата! Радувај се, ти којшто си сесветол и пребогат! Моли Го за нас Господарот на сите – Христа Бога, да бидеме запазени од искушенија на лукавиот, блажени, и да ги спаси душите наши.