Сигурна навигација – бесплатно

Молитвата е пат на душата кон Бог; таа има своја крајна дестинација – соединување со Него. Ако се избере погрешен пат, автомобилот, или кое и да е друго превозно средство, никогаш нема да стигне до дестинацијата за која е назначено. Ако нашата душа за време на молитвата зачекори на погрешен пат, таа никогаш нема да стигне до Бог и ќе личи на кајакар (морнар) кој не прави ништо друго, освен што весла, но кружи во исто место.

Совршено е јасно дека човекот што не се научил на молитвата постојано и во сѐ ќе биде неисполнет (несреќен). Тој нема да има можност да го проживее животот како што треба. Дури и ако стане монах, тој повторно ќе биде на земјата и нема да биде небесен човек. Тој нема да може да биде сличен на ангелите, ако не знае како правилно да ја практикува молитвата – тоа средство за патување и навигација кон ангелскиот свет.

Колку е голема нашата беда – и вие самите го чувствувате тоа – бидејќи не знаеме да се молиме. Огромна! Тоа е едно од најлошите од сите зла за нас. Невозможно е да го споредиме со ништо друго.

Правилната молитва воведува во ред сѐ. Со неа се надминуваат сите тешкотии, проблеми, гревови – сѐ се средува. Таа е способна да прави чуда на нашиот пат – во подвигот и во животот (воопшто).

Ако ние внатре во себе ги немаме богатството на Духот, радоста и мирот, ако во нас тие не се видливи, јасни, овие големи плодови, причината за тоа е отсуството на нашата сопствена желба за тие плодови, односно нашата неспособност да се молиме. Посакувате и немате, како што убаво кажал Јаков, а немате бидејќи не молите (Јаков 4, 2). Бедата е во тоа што ние не просиме, а ако не се молиме, тоа е лошо.

10959661_675368435922600_8377570721307930031_n

Старец Емилијан

Преземено од: http://mpc.org.mk/svetootecko-predanie.asp?id=6358