На 05.01.2022 г., кога го празнуваме споменот на Свети Наум Охридски, Светите десет маченици на Крит и споменот на Светиот Нифонт Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Николче Димовски-Чонтев и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на Свети Наум, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Радувај се Науме, бидејќи си ја запазил духовната и телесната чистота!“
Браќа и сестри, се наоѓаме во петровденскиот пост, кога и ние по примерот на преподобниот Наум, Охридскиот Чудотворец, треба да ја запазиме нашата духовна и телесна чистота т.е. целомудрието.
Што е всушност целумудрието? Целомудрието, е духовна и телесна чистота, кога луѓето се запазуваат од грешни мисли, похоти, страсти, грешни чувства и грешни дела, освен тоа се трудат и телото да го зачуваат чисто и неосквернето.
Кое срце и тело е осквернето? Осквернето е она срце и тело, кое што не ја запазило својата чистота, а тоа се всушност оние луѓе, кои духовно себеси се оскверниле со грешни мисли, грешни помисли, грешни желби, фантазии, чувства, похоти, страсти и телото со блуд.
Овој грев е опасен и голем грев, заради што не може да се наследи Царството Небесно. Светиот апостол Павле вели: „Не лажете се: ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубодејците, ни мажеложниците, нема да го наследат Царството Божјо“ (сп. 1.Кор.6. 9-10), а мажеложниците се оние кои денеска ги нарекуваат ЛГБТ заедница, односно оние кои живеат маж со маж и жена со жена. Тоа е она, кое е најопасното за спасението на човечкиот род, зашто Господ не го создал човекот за осквернување.
Господ нашите прародители Адама и Ева, ги создал со чист ум, разум, волја и со чисти тела. Од нив се барало само да ја исполнат Божјата Заповед да не јадат од забранетиот плод, бидејќи Господ им рекол: „Во кој ден ќе вкусите, ќе умрете“ (сп. 1. Мој, 3, 3). Па така, тие откако ја прекршиле Божјата Заповед, најнапред умреле духовно, а тоа значи се одвоиле од Бога, од Неговата заедница т.е. од заедницата со Отецот, и Синот, и Светиот Дух, а како последица на духовната смрт, следувала и телесната смрт. Затоа Свети апостол Павле ќе рече: „Адам згреши и умре, а преку Адама и ние, како негови потомци и наследници, грешиме и умираме“ (сп. Рим. 5, 12).
Гревот е она, кое нас нè одвојува од Бога и заедницата со Него. И не можело никако да се спаси човечкиот род, освен преку Самиот Син Божји, Кој предвечно се раѓа од Отецот, Кој по благоволението на Отецот, доброволно посакал да дојде во светот од преголема љубов кон човекот, кој го создал по својот образ и подобие. Образот или ликот, е човечката душа, која е триедина т.е. има ум, разум и волја, како што се Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Ние, браќа и сестри, кои сме создадени по Божјиот образ и подобие, сме членови на Телото на Христа нашиот Бог и Спасител, како што вели Свети апостол Павле: „Зар ќе се оттргнеме од Христа нашиот Бог и Спасител и наместо членови на Телото Христово, да станеме членови на блудот“. На друго место Свети апостол Павле вели: „Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? “ (сп. 1. Кор. 6, 17). А оној, кој се соединува со Христа Господа, тој станува едно со Христа.
Па така, нашата должност е ние да бидеме едно со Бога Троичниот, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, зашто Светото Писмо преку устата на Христа Спасителот наш, вели: „Ако ние се удостоиме да Го примиме Христа во нашите души и тела, Он заедно со Отецот и Светиот Дух, ќе се всели во нас, во нашите души и срца, и ние ќе бидеме Христови и Христос ќе биде наш“.
Браќа и сестри, токму заради тоа Светиот апостол Павле вели: „Зар не знаете дека вашите тела се создадени да бидат храмови на Светиот Дух“ (сп. 1. Кор. 6, 19). И ние, ако се одречеме од нашата волја со пост, молитви и подвизи и ја прифатиме Божјата волја, односно ако ги исполнуваме Божјите Заповеди, тогаш стануваме Христови т.е. примаме Христов ум.
Ние, за да се спасиме, треба да се потрудиме да ги отфрлиме од нас грешните мисли, помисли, фантазии, похоти, страсти, чувства, желби и грешните дела. Само на тој начини полека, но сигурно ќе Го задобиеме Светиот Дух, благодатта Божја. Во Светото Писмо се вели дека Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат. Поради гордоста, од Бога отпаднал сатаната, ѕвездата деница кој бил најблискиот и највозвишениот ангел, бидејќи посакал са се изедначи со Бога, заборавајќи дека е Божјо создание. Тоа е исто како децата да им речат на родителите дека тие не се нивни соработници со Бога, во нивното создавање и раѓање, туку дека тие им се родители. Ете, на истиот тој начин сатаната ги предизвикал и нашите прародители Адама и Ева да згрешат, велејќи им дека ќе станат како богови (види 1. Мој. 3, 5).
Па така, нашата прамајка Ева, заборавајќи на Божјата Заповед, се полакомила на зборовите на полувистината на сатаната дека тие ќе станат богови и згрешила т.е. јадела од забранетиот плод, а потоа му дала и на Адама, па и тој јадел, и умреле, прво духовно, а потоа по многу години и телесно.
Најголемата опасност за човечкиот род, е телесната нечистотија, која е последица на духовната нечистотија. Затоа, ние треба да разбереме дека нашите тела се храмови на Светиот Дух, па така ако ние ги очистиме нашите тела и души од грешните мисли, помисли, фантазии, похоти и страсти, тогаш ние стануваме чисти и можеме да очекуваме дека благодатта Божја т.е. несоздадените Божји енергии ќе се вселат во нас, не по наша заслуга, туку по Божјата милост.
Дека телото на човекот е создадено да биде на храм на Светиот Дух, ние тоа го гледаме при погребението на секој човек во Православната Црква т.е. кога некој човек ќе умре, ние гледаме што се случува т.е. гледаме дека во домот на покојниот се палат свеќи и кандило, а потоа во домот на покојниот доаѓа свештеникот и го кади телото со темјан, за да го избрка сатаната и нечистите духови од него. Потоа се прави опело, каде се читаат песни и молитви, кои укажуваат на нашата грешност и на тоа дека човечкиот живот е како сенка и трева т.е. цвет, кој што денеска цути, а утре прецутува и во оган се фрла.
Ние кога присуствуваме на опело на некој наш ближен, ние тоаш забораваме на телесните желби, на телесните похоти, на телесните чувства и на блудот, затоа што тогаш умот ни е таму каде што треба да оди душата на покојниот.
Ете, тоа треба да биде присутно, но не само при погребите на покојните, туку и при секој момент од нашиот живот, зашто кажано е дека оној што постојано мисли на смртта, тој побргу ќе се спаси од оној што се моли, ама не мисли на смртта т.е. дека по смртта ќе има посебен и општ суд, на кој ќе треба да дадеме одговор за нашиот живот на земјата.
Денеска, браќа и сестри, од денешното Свето Евангелие слушнавме за три нешта. Имено, прво ги слушнавме Христовите зборови: „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството Небесно“ (сп. Мат. 5, 3).
Кои се бедни по дух. Бедни по дух, се оние луѓе, кои не мислат човечки, туку мислат многу божествено. Некои погрешно ги толкуваат овие зборови, па велат: ние не сме бедни, туку сме совршени, а од друга страна знаеме дека сме ништо. Светиот пророк Давид вели: „Јас сум црв, прав и пепел“. Ние сме создадени од прав и земја, и во земја ќе оди нашето тело до Општото Воскресение.
Па така, ние луѓето, треба да разбереме дека на овој свет не сме создадени за тука да бидеме вечно, туку времено, за во тој временен период да го здобиеме или спечалиме Царството Небесно, а не да печалиме земни богатства. Светиот праведен Јов вели: „Гол сум се родил и гол ќе се вратам во утробата на мајката земја“ (сп. Јов. 1, 21).
Ние треба да мислиме како Светиот праведен Јов, дека сè што имаме, сè ни е дадено од Бога, а не дека ние сами нешто сме постигнале или добиле со раѓањето.
Ете така треба да постапуваме, а не кога нешто ќе загубиме, веднаш да офкаме и да се противиме, па и Бога и ближните да ги обвинуваме дека тие се виновни за нашиот неуспех. Ако ги исполнуваме Божјите Заповеди, тогаш можеме да очекуваме дека ќе го наследиме Царството Небесно. Ако ние се одречеме од нашата волја за телесните желби, похоти и страсти, тогаш очигледно можеме да речеме дека ја прифаќаме волјата Божја и живееме според Божјата волја.
Денешниот Божји угодник, Свети Наум, Охридскиот Чудотворец, се откажал од сè и целосно Му се посветил на Бога. На тој начин, Свети Наум покажал дека ја исполнил Божјата волја, а и нам ни покажал пример како и ние треба тоа да го правиме.
Ние, браќа и сестри, ако одиме според примерот на Свети Наум, ќе го наследиме Царството Небесно.
Да си спомнеме за она што беше кажано како Господ нè создал да бидеме дело на неговите раце т.е. да бидеме храмови на Светиот Дух со нашите тела. А денеска слушаме што се случува во овој свет. Денес луѓето сакаат да живеат страствено: во неморал, блуд и прељубодејствие, но за жал приказната не завршува тука, зашто овие гревови: блудот и прељубодејствието, се природни гревови, кои се помали од оној гнасен грев на ЛГБТ, за кој денеска слушаме по телевизиите, радијата, новините и по социјалните мрежи. Ако требало маж да живее со маж и жена со жена, тогаш Господ ќе создадел двајца мажи или две жени. Овој грев на ЛГБТ заедницата, е неприроден и најодвратен грев. Зошто? Ајде, ако тоа е правилно, нека родат деца. Ама не можеат. Оти? Оти е неприродно. Дете може да се роди само од маж и жена, а не од маж и маж и од жена и жена.
Истото тоа важи и за животните. Ако погледнеме во животинскиот свет т.е. ако се вкрстат врстите, понатаму родот не продолжува. Измеѓу магаре и кобила се раѓа маска, а маската е неплодна. Дури и животните кога ќе згрешат, нема продолжување на родот.
Што прават ЛГБТ заедниците? Ги крадат децата од родителите, и потоа ги воспитуваат во гнасните нивни однесувања и работи. Време е, браќа и сестри, сите да го подигнеме гласот и да кажеме дека во нашите училишта мора да се внесе предметот Етика на религиите, кој ќе се изучува од прво оделение, заклуно со средно училиште, како задолжителен предмет. Само на таков начин ќе докажат и Претседателот и Премиерот, дека нема да нè лажат.
Ако ние спиеме, почнувајќи од нас свештенослужителите т.е. владиците, свештениците, ѓаконите и вие верниците, и не се кренеме да кажеме стоп на ова лудило, каде ќе ни биде крајот? Погледнете како е во другите земји, а велиме дека одиме на Запад, во Европа, во Австралија, каде што има приватни училишта, и во тие приватни училишта на Римокатоличката Црква и другите верски заедници, се изучува веронаука, па родителите и по цела плата ја даваат, само за едно дете да изучат таму. Тие деца, кои од мали нозе учат веронаука, поинаку воспитани и каи нив нема ЕЛБТ или сексуално образование во учењето.
Затоа, браќа и сестри, ајде сите да го кренеме гласот против оние кои во училиштата сакаат да го воведат таканареченото сексуално воспитание, каде на децата ќе им се говори да избираат што се тие т.е. дали машки, женски или машкоженски и дека тие можат да си живеат машко со машко и женско со женско. Па каде ќе ни биде крајот, кога сето ова е против првата Божја Заповед: „Рајѓајте се и множете се, и наполнете ја земјата“ (1. Мој. 1, 28).
Хомосексуалците и лезбејките, ниту ќе се раѓаат, па ниту ќе се множат по природен пат, освен што ќе го уништат продолжувањето на човечкиот род. Затоа сум разгневен и вознемирен, и гледате како го доживувам ова зло, кое ни се случува. Тпа нашите православни да го проповедаат на децата. Имаат ли малку ум во главата или ништо немаат? Изгледа дека и тие така живеат, штом тоа го подржуваат. Ако претседателот на државата, присуствува со децата на таканаречената парада на гордоста, тогаш кај ни е крајот, бре браќа и сестри. Сите ќе изгинеме, бидејќи ќе ни се случи она, што се случило во Содома и Гомора, каде имало најголем разврат меѓу луѓето, кои дури општеле и со животните т.е. со магариња, јарци, овни и.т.н. Затоа Господ пуштил сулфур и огин од небото и ги уништил сите до еден, а денеска на тоа место е Мртвото море, во кое нема ништо живо. Така ќе биде и со нас, ако и ние така продолжиме.
По молитвите на Свети Наум, Охридскиот Чудотворец, Господи Исусе Христе Сине Божји, помилувај нè и спаси нè нас грешните. Амин!
Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар