На 07.11.2021 г., во предвечерието кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Димитриј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи архиерејска Вечерна богослужба во соборниот храм, посветен на овој светител.
Чудесен Војводо на градот Солун, голем угоднику Христов и славен, подвижнику, Свети Димитрие, тебе, кој на светот му точиш миро на милост, ние те почитуваме и ти пишуваме пофалба, а ти имајќи слобода пред Господа, од секоја беда избави не’, за верно да ти воскликнуваме: Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!