За споменот на Новомачениците и Исповедниците

Интервју со Епископот Троицки Панкратиј, претседател на Синодалната комисија за канонизација на светиите, свештено-игумен на Спасо-Преображенскиот Валаамски манастир.

– Владико, кажете ни, ве молиме, колку светии досега влегуваат во „Соборот на новомаченици и исповедници на Црквата Руска“, чиј спомен го славиме секоја година, и зошто подвигот на тие луѓе е толку важен за нас, нивните потомци?

– Во хорот на светиите на Руската Православна Црква, до сега се вброени 1866 подвижници на благочестието, меѓу кои 1776 новомаченици и исповедници Руски. Но, да не забораваме, дека заради десет праведници Господ може да помилува цели градови: „Господ рекол: ако најдам во градот Содом Педесет праведници, заради нив ќе го поштедам [цел град] сето ова место… Авраам рекол: да не се прогневи Владиката, што ќе кажам уште еднаш: можеби, ќе се најдат таму десет? Бог рекол: нема да го истребам и заради десетте“ (Бит. 18, 26-32). Православниот Свето-Тихоновски хуманитарен универзитет создаде и поддржува документарна база на податоци, во кои се собрани информации за повеќе од 32 000 пострадани свештенослужители и мирјани, меѓу кои, секако, има и новомаченици, кои сеуште не се канонизирани заради недостатокот на веродостојни сведоштва за нивниот подвиг. Сепак, дури и приближниот број на пострадани, во годините на гонењето за верата Христова, до сега не се знае, иако како што пишела Ана Ахматова: „би сакала сите, по име да ги спомнам“.
На пример, во синодикот на Валаамскиот манастир се спомнува 101 име на пострадани и репресирани монаси во годините на гонењето за верата, а документите се сочувале, и собрани се факти само за 8 новомаченици. Размислете, само за 8 од 101 човек, познати се деталите од смртта, а колку само такви маченички завршетоци останале непознати… Слава Богу, нивните имиња ги знае Господ, и во Него сите се живи. По зборовите на Јован Златоуст: „вистинска пофалба на мачениците – е нивното подражавање“, што во еднаква мера се однесува не само на мачениците, туку и на секој светител. Да се подражава светителот, е доста тешко, не знаејќи за неговиот живот и подвизи.
Благодарение на нивниот пожртвуван подвиг на верност кон Господа, кој може да се спореди со гонењата на првите христијани, во Русија, на сите нас ни се покажа подвигот на мачеништвото и исповедништвото, на кого отсекогаш растела христијанската Црква. Затоа, не треба само да се почитуваат новомачениците, но и да се изучува таа епоха, во која што живееле, правејќи од тоа изучување соодветни историски заклучоци.

novomucheniki

Новомачениците – се семиња на Црквата. Со својот пример, со своето следење на Христос, со вистинската самопожртвуваност тие ни даваат пример на сите нас. Нивниот подвиг е многу важен и за тоа, што тој зборува за вистинско христијанство, за тоа христијанство, кое навистина ни покажува нам, какви треба да бидат вистинските христијани.

– Прославувањето на мачениците – е сфера на дејност само на Синодалната комисија за канонизација на светиите, или и верните, исто така, можат да учествуваат во тоа?
– После приклучувањето во хорот на светиите, работата останува на народот Божји, кој треба правилно да го искористи тој голем дар Христов и дар од самите светители. Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил, секогаш ставаше акцент на тоа, дека сите ние треба да ги направиме сите неопходни усилија за овековечување во умот и срцата на луѓето споменот за жртвата на новомачениците, за љубовта кон Христос да се разгорува во нашите современици.

8b6c531b611c9a976f0d55abf0c2f431

– Што може да се направи во тие парохии, каде подвигот и имињата на новомачениците и исповедниците Руски е многу познат, но сеуште не е прославен?
– На Архиерејскиот собор на Руската Православна Црква беа примени препораки, кои треба да ги исполнува секоја парохија – тоа е поставување на спомен табли, а уште подобро крстови, затоа што во многу храмови имало новомаченици, кои починале во годините на гонењата. И, секако, не смееме да го заборавиме тоа. Човечката меморија има такви својства, што ако не ѝ се напомнува, постепен таа информација се заборава, а тоа не смее да се допушти во никој случај.

– Како, Валаамскиот манастир учествува во делото на прославувањето на Руските новомаченици и исповедници?
– На скитот на Сите Светии, сега започнуваат да се собираат информации за местата на погребот и спомениците на жртвите во политичките репресии. Денес, точно се знае за повеќе од 410 места на закопувања на растрелани, затворени и изгонети на територијата на Руската Федерација. Вкупно постојат повеќе од 1200 такви гробници. Ние сфаќаме, дека немало ниедно населено место во бившиот Советски Сојуз, каде што не пострадале луѓе, волно и неволно.
Специјално, по нарачка на браќата од скитот, насликана е икона „Плач на Богородица за Руската земја“ со честица од Животворниот Крст Господов, и камче од Голгота. Дополнително, во иконата се вметнати свети кивоти со честици од моштите на светителот Тихон, Патријархот Московски и на цела Русија, свети Атанасиј исповедник, епископ Ковровски и останати новомаченици.

plach o zemle Rossiyskoy

Пред таа икона се служи молитвен помен на сите починати, кои пострадале во годините на гонењето за верата Христова. Тоа навистина претставува голем настан во животот на Валаамскиот манастир, затоа што се образува уште еден посебен агол, каде што ќе се извршува молитва за руската земја, за нашата Русија. И јас сум уверен, дека Господ ќе ги открие имињата на сите, кои пострадале за Него, а ние до крај ќе ја спознаеме и сфатиме големата и недостижна трагедија на рускиот народ.

– Уште на кој начин може да се прославуваат светителите, раскажувајќи за нивниот живот и подвиг?
– Сега се снимаат документарни и уметнички филмови, од кои дознаваме, дека новомачениците – биле обични луѓе, со исти такви страсти и чувства како и нас, тие исто така оделе по оваа земја, надворешно, биле исти луѓе како нас. Против нив исто така се воделе кампањи на антицрковна насоченост во тогашните медиуми. Современите луѓе, преку филмови, книги и телевизиски програми, многу е важно да дознаат за тоа, какви можат да бидат православните христијани. Особено, тоа е важно да се знае во наше време, кое се карактеризира со големо распространување на егоизмот и самољубието. Затоа, сите ние треба постојано да си спомнуваме за подвигот на новомачениците, кои, всушност, биле исто такви обични луѓе, но успеале сè да жртвуваат во името на Христос. Зашто човек не се раѓа свет. Рамноапостолниот Владимир, на пример, во суштина, проживеал два животи. Еден – до обраќањето во Христос, и сосема друг – после тоа. Важен е крајот на неговиот живот.

44e9e39012ba29b9d7e0d3482f4d8eae

– Постои ли опасност од зголемување на бројот на новомачениците, истовремено со намалувањето на нивното почитување? Зашто во денешно време постои големо количество на светители, за кои многу луѓе дури немаат ни чуено.
– Знаеме такви случаи, кога епархиите поддавале материјали за подвижници на благочестието, и Светејшиот Патријарх им даваше благослов за вбројување во бројот на светителите, поминуваа торжествата за канонизација, а после тоа, почитувањето во епархијата пополека замирало и исчезнувало. Тоа може да се објасни само со едно: веројатно, не ни имало народна почит. Токму затоа, во работата на епархијалните комисии, сега се обрнува внимание на развојот на дејноста, насочена на почитувањето на нашиот црковен народ на веќе прославените светители. Пред епархијалните коимисии не стои само задачата на збирање и изучување на сведоштвата за гонетите христијани, но и делото на нивното прославување, и тоа сега е една од најприоритетните и најактуелни области. Луѓето треба да ги познаваат светителите, да им се молат, и со самото тоа да пронајдат жива лична врска со нив. Треба да се покажува и докажува, дека подвигот на мачениците – не е нешто недостижно, земајќи ги во предвид страстите на современиот човек, кој сиот свој живот го сведува на добивање на материјална корист, туку е дирекно исполнување на заповедите Христови. И ние треба да постапуваме така, како што Христос би постапил на наше место. Светејшиот Патријарх Московски Кирил сосема е во право, кога настојува на тоа, социјалното служење на Црквата, нејзината просветителска и мисионерска дејност да се засилат. Денес, за нас не е најважно востановувањето на храмовите и разрушените згради, туку востановувањето на душите. И прославувањето на светителите – е една од етапите на таа дејност. Затоа што тоа се, најдостојните луѓе, свети луѓе, кои претпочитале да го жртвуваат животот, отколку да се одречат од Христос. Тоа се луѓе, кои тргнале по Христос до крајот, и Му пројавиле верност до смрт.

Ваше Преосвештенство, искрено Ви благодариме за интересната беседа.

Разговараше Маргарита Федорова

Редактори: Елена Алеева, Олга Камишникова.

Извор: http://valaam.ru/publicism/6246/