Митрополитот Венијамин (Федченков)
Постојат ли адски маки?
(Сведоштво на Н. А. Мотовилов)
Н. А. Мотовилов, “слуга Серафимов”, како што тој самиот сакаше да се нарекува, оној кој се удостои да го прими чудесното исцеление, а подоцна и со свои очи, лице в лице, да го види просветлен преподобниот Серафим озарен соТаворска светлина со благодатта на Светиот Дух,човек со огнено и искрено срце, заради искрено да го запази споменот на отецот Серафим, тој одлучил лично да отпатува во родното место на големиот старец, во Курск, и да собере спомени од детството и младоста негова, а исто така да го посети Киево-Флоровскиот манастир.
Тоа патување имаше многу сериозни последици за Николај Александрович: По Божја промисла тој се разболел и на него се излил целиот демонски гнев како одмазда за трудот кој Мотовилов го вложил за да го прослави угодникот Божји, отецот Серафим. Околностите што му претходеле на болеста на Mотовилов и објаснувањата за нивното потекло се следниве.
Еднаш во еден разговор со преподобниот Серафим, се отвори разговор за демонските напади врз луѓето. Светски образованиот Mотовилов, секако, не пропуштил да се посомнева во реалноста на злите сили. Тогаш преподобниот му раскажал за својата страшна борба со бесовите за време на илјада и едната ноќ и илјада и едниот ден (додека коленичел на камен) и со силата на своите зборови,и авторитетот на својата светост, во која не може да има ни тронка лага и преувеличување, го убедил Мотовилова во постоењето на бесовите – не во виденија или фантази, туку во вистинската и горка реалност.
Ревносниот Мотовилов бил толку возбуден од кажувањето на старецот, па од дното на душата извикал:
Батјушка, колку би сакал да се борам со бесовите!
Старецот преплашено го прекинал:
– Што зборувате, што зборувате ваше Богољубие! Вие не знаете што зборувате. Кога само би знаеле дека најмалиот од нив со својата канџа може да ја преврти целата земја,не би ги предизвикувале на борба.
-А Батјушка, зарем бесовите имат канџи?
– Ех, ваше Богољубие, ваше Богољубие, што ли ве учат само на Универзитетот! Не знаете дали бесовите имат канџи?! Ги сликат со копита, со рогови, со опашки – затоа што човечката имагинација не може да замисли нешто по грозно. И баш такви грозни и се, затоа што самостојното отпадништво од Бога и нивното доброволно противење на Божјата благодат од светли ангели, какви што беа пред нивниот пад, ги направи ангели на темнината и злобата, кој не можат да се опишат со никаков човечки облик, а обликот е потребен, па затоа ги сликат црни и безлични. Но, бидејќи создадени со сила и својства на ангели, поседуват таква сила, која за човекот и сè земно е недостижна, па и најмалиот од нив, како што веќе реков, со својот нокт може да ја преврти целата земја наопаку. Само Божествената благодат на Сесветиот Дух, која на нас православните христијани ни е бесплатно подарена за божествената заслуга на Богочовекот Господ наш Исус Христос, само таа ги прави ништовни сите лукавства и подмолности ѓаволски.
Тогаш Мотовилов се преплаши. Порано, под заштита на старецот, тој не се плашеше од сатанската злоба. Но, лесноумниот-дрзок предизвик, по дозвола Божја, не остана без последици, туку беше прифатен.
Кога Мотовилов, после смрта на старецот Серафим, отпатува за Курск, успеа да собере сосема малку сведоштва за детството и младоста на преподобниот. Блиските роднини, кои би можеле да го помнат отецот Серафим во младоста,или беа починати, или имаа сè заборавено. Дури и куќата во која се родил и бил воспитан преподобниот старец, била разрушена, а на нејзино место биле изградени нови згради. Се нашол само еден старец, врсник на старецот, кој му дал на Мотовилов информаци кои беа искористени во житието на преподобниот старец. Патот за Курск и престојот таму беа сосема мирни. Опасноста чекаше на повратното патување за Вороњеж. На една од поштенските станици на враќање од Курск, Мотовилов го затекна ноќ – и морал тука да преноќи.
Останувајќи сосема сам во собата за патници,тој од торбата ги извадил своите ракописи и почнал да ги прелистува при многи слаба светлина од само една свеќа, која едвај ја осветлувала пространата соба. Меѓу првите, во рака му дошол записот за исцелението на ѓаволоопседнатата девица Еропкина, дворјанка, на гробот на светителот Митрофан Вороњежски.
“Јас се замислив” – пишува Мотовилов – како може тоа да се случи, православна христијанка, која се причестувала со Пречистите и Животворни Тајни Господови, одеднаш да биде опседната со демон, и притоа, толку долго време, преку триесет години. И си помислив: Невидено.Тоа не може да биде! Баш да видам како би можел да се всели во мене бес, кој многу често се причестувам со Светата Причест.
И во истиот момент страшен, ладен, гаден облак го опкружил и почнал полека да влегува во неговата згрчена уста. Колку и да се борел несреќниот Мотовилов, колку и да се трудел да се заштити себеси од ладниот и гаден облак кој се вовлекувал во него, тој влегувал сè повеќе, наспроти сите негови натприродни напори. Рацете му биле како парализирани,и не можел да се прекрсти. Не можел да се присети ни на спасителното име Исусово. Одвратниот ужас се завршил и за Николај Александрович настапил период на најтешко мачење. Неговите лични записи дават ваква слика на маките кои ги искусил:
“Господ ми даде на самиот себеси да ја испитам вистината, а не во сон или видение, трите адски маки.”
Првата – оган несветол и неугаслив со ништо, освен со благодата на Пресветиот дух. Тоа видение траеше три дена и три ноќи така, а јас се чувствував како да горам, но не согорувам. Над мене целосно по 10 или по 17 пати во една ноќ го гаснеа тој геенски чад, што беше видливо за сите.Тие маки престанаа дури после исповедта и причестувањето со Светите Христови Тајни, по молитвите на архиепископот Вороњежски Антониј и молебените за здравје на болниот бојарин, слугата Божји Николај, кои беа одржани во сите 47 цркви Вороњежски и по сите манастири.
Втората мака – во траење од два дена и две ноќи, беше лутиот тартар генски, така што огнот не само што не ме печеше, туку не можеше никако да ме стопли. По желба на неговото високопревосвештенство, архиепископот Вороњежски Антониј, половина час ја држев раката на свеќата, и целата рака почна да чади, но ни малку не се загреа. Овој многу уверлив експеримент го опишав на цел лист, во тој опис го приложив отисокот од мојата исчадена рака. Но и покрај сите тие маки сепак, после Причесната, можев да јадам и да пијам и по малку да спијам. И тие беа видливи за сите.
Но, третата мака беше навистина – пеколна, иако за пола ден беше пократка од претходните, бидејќи траеше само ден и половина, или можеби малку подолго, но тоа беше навистина голем ужас и страдање од нешто што не може ниту да се опише, ниту да се замисли. Како ли само останав жив! Секако и таа исчезна од исповедта и Причесната со Светите Тајни Господови. Тој пат, самиот архиепископ Антониј од својата рака ме причестуваше. Таа мака беше – црв неусиплив геенски, кој никој освен мене и архиепископот Антониј не можеше да го види. А јас целосно бев исполнет со тој најзлобен црв, кој ползеше во мене насекаде,и неискажливо ужасно ја гризеше целата моја утроба, и ползејќи низ устата, ушите и носот, повторно се враќаше во мојата внатрешност. Но, Бог ми беше дал сила над него, па го земав во своите раце и го растегнував.
Сето ова го објавувам поради неопходност, бидејќи не ми беше залудно од Бога предадено видението, и да не може никој да помисли дека сум се дрзнал залудно да го спомнувам името Божјо. Не! На денот на Срашниот Суд Господов, Самиот Тој – Бог, Помошник и Покровител мој ќе посведочи дека не лажев за Него, Господа и за делот за Неговата Божествена Промисла која над мене се исполни.
Веднаш после тој страшен и за обичниот човек недостапен испит, Мотовилов имал видение на својот покровител, преподобниот Серафим, кој го утешил страдалникот и му ветил дека ќе биде исцелен при откривањето на моштите на светителот Тихон Задонски и дека до тогаш демонот кој се вселил во него нема да го мачи толку многу. И навистина, после триесет и нешто години се случи таа случка, и Мотовилов го дочека, го дочека и се исцели заради големата своја вера.
На денот на откривањето на моштите на светиот Тихон Задонски ( 1861,год. ) Мотовилов стоеше во олтарот, се молеше и горко плачеше заради тоа што Господ не му дава исцеление, кое по ветувањето на преподобниот Серафим Саровски, го чекаше неговата измачена душа. За време на пеењето на Херувимската песна тој погледна на горното место и го здогледа светителот Тихон. Светителот го благослови расплаканиот Мотовилов и стана невидлив.
Мотовилов веднаш се почувствува исцелен.̽
“Православна Карпатскаја Рус”, 2.јануар 1933.
(Од книгата “Светилник на Вселената,”глава 9)
Превел: Ѓоко Павловски