Кај се пикаме?

Оваа случка се случи пред многу години, кога штотуку се воцрковив и многу сакав да ја сменам својата претходна светска работа за црковна работа.

Отпрвин, не можев да најдам работа по специјалноста и заради тоа доста очајував. Во тоа време, ми се јави главниот уредник на едно православно издаваштво и ми понуди работа како дизајнер. Изгледаше, дека тоа е тоа – исполнувањето на мојата животна желба: требаше да работам над многутомна енциклопедија во издаваштвото, чија дејност некогаш беше благословена од познат праведник – митрополит. Сепак, не можев да се помирам со тоа, што повеќето од времето требаше да се задлабочувам во животот и делата на револуционери, масони и сатанисти – такви беа особеностите на тоа издаваштво. Душата пак сакаше поинаква храна: да го чита и препрочитува Светото Писмо, житијата на светиите и делата на Отците на Црквата.
Не знаев како да постапам во таа ситуација, и затоа се обратив за совет кај игуменот Јован (Титов), мудриот намесник на Борисоглебскиот манастир, под Ростов Велики. Отецот внимателно ја ислуша мојата приказна и сподели една своја.

194793.b

Во 1990 – те години, кога цензурата сосема падна и почнаа да издаваат сè со ред, меѓу другото и литература забранета во Советскиот Сојуз, се појавила можност да ги прочитаат откровенијата на Алистер Кроул и Елена Блаватска, дела на познати ересиарси и основатели на масонски ложи, лидери во окултизмот и сатанизмот. Соблазната „да се запознае непријателот одвнатре“, за да „го победи со неговото оружје“ била толку голема, што отец Јован заминал за совет кај старецот Павел (Груздев), кој многу пријатно се однесувал кон него.
На аргументот за тоа, дека „непријателот треба да го познаваме во лице“, отец Павел одговорил кратко.
– Нас нè мрзи Бога да го запознаеме, а таму – и отецот со прстот покажа надолу, – се пикаме. Не смееш!
Прераскажувајќи го одговорот на отец Павел, игуменот Јован додаде:
– Колку повнимателно се загледуваме во бездната, толку повнимателно таа нè гледа нас.
Треба ли да се каже дека отец Јован изгубил секаква желба да чита ваква литература, а јас се откажав да работам во тоа издаваштво?
Некогаш изгледа, дека во наше време пеколот се растргнува (а некаде и излегува) надвор, и затоа многумина би сакале да ја истражуваат неговата географија и психологијата на неговите жители, за да го запознаат непријателот одвнатре. Секогаш, кога тоа се случува со моите познати, јас задолжително им ја раскажувам таа случка. И зборовите на старец Павел (Груздев), зачинети со евангелска сол и сила, запираат многумина.
Зашто нас навистина нè мрзи да Го запознеме Бога, а таму се пикаме!

Антон Поспелов

Извор: http://www.pravoslavie.ru/put/76466.htm