На 20.04.2020 г., на Вториот ден од Светлата седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Златко Костовски, Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.