Соопштение!

Возљубени во Христа, браќа и сестри!

Во ова време кога сме соочени со заразна закана, предизвикана од новиот вирус Ковид-19, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар, во Преспанско-пелагониската Епархија, секојдневно во 7, 9, 12, 15 и 17 часот, ќе бијат камбните, сѐ додека трае пандемијата.

Браќа и сестри, ве повикуваме да избегнувате секаква паника во овие денови на Светата Четиридесетница, кога сме соочени со ова искушение, туку наместо тоа, во своите домови пред Христовата икона, постојано да гори домашното кандило и да ги зголемите своите молитви кон Христа Бога, Кој е извор на љубов и кон нашата небесна Застапница, Пресвета Богородица, и Сите Свети. Во овие денови на искушение да имаме усрдни молитви со покајание и исповед, за да можеме да се соединиме со Христос преку Светата Тајна Причест.

Благословот Божји и Неговата милост да биде со сите нас.