За што сте: за убиство или вулгаризам?

Трагичното убиство на француските сатирици предизвика бурни расправи – па дури до повици насекаде да се печатат карикатури на Мухамед, што е сосема разбирливо.
Терористичките акти – дејствија, се насочени, пред сè, да создадат психолошки ефект. Тие се манипулативни.

И постои многу прост – и многу ефективен – метод на манипулација. Кога ви предложуваат алтернатива и бараат да изберете. Вие сте со нас или со нив? А? Да или не?
Притоа, важно е да се создаде атмосфера на емоционален впечаток и притисок, за да не си го поставите простото прашање „а зошто воопшто треба да избирам?“ Ти си за непристојни вулгаризми или за грозоморни убиства? Не, не заокружувај, отворено кажи – за вулгаризам или за убиство?
Во атмосфера на емоционална прегреаност, било кој обид спокојно да се објасни, дека крајниот вулгаризам на настраданиот весник не го прави грозоморното убиство помалку грозоморно, а грозоморното злосторство на терористите не го прави весникот помалку вулгарен, предизвикува негодување.
Треба или да ги канонизираме убиените како свети маченици за делото на европската слобода, или да признаеме, дека терористите – и не се толку лоши дечки. Значи, тој избор – е лажен.

hudiev1

Терористите – се убијци, кои се раководат со убиствена идеологија и кои радо би не убиле сите, доколку би имале можност. Тоа се луѓе од истиот тип, кои го зазедоа школото во Беслан или го бомбардираа метрото во Москва. Тие немаат потреба да бараат оправдувања во навредени чувства, тешко детство, недостаток на витамини, или било што. Тие се убијци.
Секако, бесмислено е да се зборува за тоа, ако се воздржите од навреди на Исламот, нема да ве чепнат – ќе ве чепнат, ќе најдат причина. ИДИЛ – е терористичка организација, на која не ѝ треба повод за насилство. Во очите на терористите вие сте достојни за смрт, само затоа што вие – не сте еден од нив.
Секако, и Европа, и ние ќе треба да се бориме со тоа зло.
Ние немаме разногласици во однос на тоа, против што се бориме – има разногласици во однос на тоа, за што се бориме. И при читањето на многу статии и блогови се создава впечаток, дека главната европска вредност, за која луѓето решително истапуваат – е можноста сè да се понижува и исмева.
Луѓето ја нарекуваат „слобода“ имено слободата да се изразуваат во непристоен и вулгарен вид за било кого, за било кои почитувани фигури, вклучувајќи ги и религиозните. Мене ми е потребна слобода, да можам слободно да го искажам своето мислење – на пример, во љубезна и прилична форма да ја изразам мојата несогласност со пророчкиот статус на Мухамед. Но, воопшто не претставува потреба да цртам вулгарни слики – било за Мухамед, било за некој друг.

27-600x337

Слободата да се изрази своето мислење – е едно. Непристојниот вулгаризам – друго.
За вулгаризам не смее да се убива. Но, исто така, од него не смее да се прави возвишен принцип за кој што треба да се бориме.
Постојат два погледи на европските вредности. Според едниот од нив, животот на секој човек – високоморален или лош – има вредност. Никој не смее незаконски да биде лишен од животот. Животот на авторот на напристојните карикатури, е исто толку неприкосновен, како и животот на благовоспитаниот и културниот човек. Тој не смее да се убие, затоа што воопшто никого не смееме да убиваме. Тој се наоѓа под заштита на моралниот закон затоа што е човек, а не затоа што тиражира вулгаризам.
Според другиот поглед – главната европска вредност – е имено непристојната вулгарност, и негодувањето не е предизвикано од тоа, што луѓето грозоморно биле лишени од живот, туку од тоа што се кренале против слободата да се прикажува било кој во вулгарен вид.
Против грозоморното убиство, ќе негодувам и јас со вас, а да се возгласува високата вредност на вулгарните цртежи – тоа ќе го правите без мене. Човечкиот живот има највисока вредност. Вулгарноста нема никаква вредност.

Сергеј Худиев, 09 јануари, 2015

Извор: http://www.pravmir.ru/vyi-za-ubiystvo-ili-za-pohabstvo/#ixzz3OQppSvg5