На 26.01.2020 г., кога го празнувавме споменот на Светите маченици Ермил и Стратоник, Светиот Јаков, епископ Нисибиски и споменот на Преподобен Максим Капсокаливит, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Зоран Димовски и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Оние што седеа во темнина и смртна сенка, им изгреа голема светлина!“ (сп. Мат. 4, 16).
Денес во оваа недела по Богојавление или просветление (присвештение), браќа и сестри, го слушнавме Светото Литургиско Евангелие, во кое се говореше т.е. како што било од пророците предскажано, особено од Светито пророк Исаија дека Спасителот Господ Исус Христос…