Покана за промоцијата на книгата „Силата на Словото“ од Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар

Ни претставува особена чест да Ве поканиме на промоцијата  на книгата

СИЛАТА НА СЛОВОТО

од Митрополитот Преспанско-пелгониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

Промоцијата ќе се одржи на 21 декември 2019 година, во 17 часот, во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола.

Промотори:

Академик д-р Ѓорѓи Поп Атанасов

и проф. д-р Јордан Плевнеш