На 03.012.2019 г., во предвечерието на празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Празнична Вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородива“, во Битола.
Се радува небото и земјата, гледајќи го духовното небо – единствената и непорочна Дева, како доаѓа во божествениот дом да се воспита; Захариј, чудејќи се, викаше кон неа: Врато Господова, ти ги отварам вратите на храмот; ликувај со него радувајќи се, зашто веќе познав и поверував дека меѓу нас ќе дојде јавно избавувањето Израилево, и од тебе ќе се роди Бог Словото, Кој на светот му дарува милост голема.