На 01.12.2019 г., во Дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот Соборот на семејството на Свети Григориј Палама, Светиот маченик Платон и Светите маченици Роман и Варул, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Сотир Гочевски и ѓаконот Константин Сековски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј, во Ресен.
На Светата Божествена Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Не бој се, туку верувај и ќе бидеш спасена“ (сп. Лука 8, 48).
Браќа и сестри, Спасителот наш Господ Исус Христос, откако бил во Гадаринскиот крај, и им излекувал еден или двајца бесомачни луѓе, Гадаринците не Го примиле Христа, зашто тргнале по трговијата на свињите, која им била забрането да ја прават, па Му рекле на Христа: „Оди си од нас Господи“ (сп. Лука 8, 37). Господ влегол во кајчето, а од спротивната страна на Генисаретското езеро…
(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»