Уште едно ѕверско масовно убиство во Ирак: повеќе од 150 жени, вклучувајќи и бремени, биле казнети затоа што се откажале да се омажат за војници-џихадисти на самопрогласената исламска држава, соопштува Седмица.Ru.
Според извештајот од Министерството за човекови права во Багдад, масакрот се случил во градот Ел-Фалуџе, кој веќе речиси години се наоѓа во рацете на терористите. Ова е само последно од серијата на убиства во овој град, на чии граници се наоѓаат групни гробници.
Во овој момент џихадистите ги губат своите позиции во северо-западен Ирак под притисок на курдските востаници, кои при поддршка на рации од меѓународната коалиција, ослободиле дел од територијата на градот Синџар. Оваа месност веќе речиси половина година се наоѓа под контрола на т.н. „Исламска држава на Ирак и Левант“, каде што стотици семејства од малцинствата на ирачките езиди се нашле во стапица.
Меѓутоа во Ербил (Курдистан) религиозните и политички лидери на сунитската општина, при поддршка на Велика Британија и САД, се собрале со намера да создадат воени сунитски оддели за отпор против џихадот. Ќе бидат потребни барем три години, за да се достигне пресвртен момент во воениот конфликт: такво е сценариото, предвидено од Пентагон, и тогаш под закана ќе се најдат животите на милиони деца. За таа драматична прогноза изјави УНИЦЕФ, забележувајќи, дека во сенката на сиријската криза, до крајот на 2015 година, повеќе од осум и пол милиони деца ќе станат жртви на насилство и принудно преселување. Детскиот фонд на ООН изјави, дека ќе бидат потребни минимум 900 милиони долари за поддршка на децата, пострадани како резултатот на конфликтот.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/76046.htm