На 25.07.2018 г., во предвечерието на празникот во спомен на Чудата на Светиот Архангел Гавриил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во манастирот на „Свети Архангел Гаврил“, во Довлеџик, Битола.
Стоеќи пред престолот на Троичното Божество, и болскајќи изобилно со божествените светлости, оттаму непрестајно испуштани, избави ги од маглата на страстите оние што на земјата ликуваат и те фалат радосно, и просветли ги, Гаврииле Архистратиже, молитвениче за нашите души.