На 16.06.2019 г., празнувајќи ја Светата Педесетница (Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Мало Повечерие во храмот „Света Троица“, во Буковски Ливади – Битола.
Благословен си, Господи, Владико, Седржителу, Кој си го осветлил денот со светлината на сонцето, а ноќта си ја направил јасна со огнени зраци, Кој не удостои да ја поминеме должината на овој ден, и да се приближиме до почетокот на ноќта. Услиши ги нашите молитви и на сите Твои луѓе, и прости ни ги сите наши гревови, волни и неволни; прими ги нашите вечерни молитви, и испрати му ги на Твоето наследство мноштвото Твои милости и штедрости. Заштити не со Твоите свети ангели; вооружи не со оружјето на Твојата Правда; огради не со Твојата вистина; сочувај не со Твојата сила; избави не од секаква опасност, од секаков напад противнички. Дај ни оваа вечер, со ноќта што настапува, како и сите денови од нашиот живот, да ни бидат совршени, свети, мирни, без грев, без соблазни, без празни мечти, по молитвите на света Богородица, и на сите светии кои од памтивек Ти благоугодиле.