На 09.06.2019 г., во Седмата недела по Воскресението Христово, посветена на Светите Отци на Првиот Вселенски Собор, кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски, Светите маченици Теодора и Дидим, Свети Давид Гареџиски и споменот на Свети Јован Руски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Петко Кесакоски и Љупче Петрески, свештеникот Јове Тренчевски и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Петка“, во Прилеп.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог и Исуса Христа, Кој е испратен од Тебе“ (сп. Јован 17, 3).
Возљубени браќа и сестри, овие зборови од Светото писмо, што ги слушаме денеска од Светото Божествено Евангелие, говорат токму за суштината на нашата Света Православна Вера, односно говорат за тоа што е всушност вечниот живот. Вечниот живот, е познавањето на Бога и испраќањето од Него, од Отецот, на Синот Божји, Спасителот наш Господ Исус Христос…