На 18.05.2019 г., кога го празнуваме споменот на Светата Великомаченичка Ирина и споменот на Светите Мартин и Ираклиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослушение на протоереј-ставрофор Благоја Станкоски, протоереите Златко Ангелески, Веле Спиркоски, свештениците Душко Алинчанец, Ристо Кочанов, Кире Тодороскии и Јове Тренчевски и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, изврши Големо осветување на храмот посветен на „Света Преподобна Параскева (Петка)“, во Ново Лагово. После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Таму каде што се собрани двајца или тројца во Мое име, таму сум и Јас“, вели Господ Исус Христос.
Денеска, браќа и сестри, не двајца или тројца, туку можеби петстотини или шестотини души сме собрани во Неговото име, во овој новоосветен храм Божји, посветен на преподобната мајка наша Параскева (Петка), во кој се собравме и длабоко веруваме дека меѓу нас е Христос нашиот Бог и Спасител. Кога се осветува храм…