Чудо или не? – Клајв С. Луис

Едно утро, пред неколку години, тргнав да одам на бербер, затоа што дента требаше да заминам за Лондон. Но, од првото писмо што го отворив, дознав дека не треба да одам таму. И решив да го одложам и шишањето.
Но, веднаш како нешто да ми зазвучи во мене, и ми рече: „Оди на бербер…“

Не можев да му преодолеам на тоа, и отидов. Мојот бербер имаше многу неволју, и некогаш успевав да му помогнам.Не успеав ни да ја отворам вратата, кога тој викна: „Ах, јас толку се молев, утринава да дојдете!“ А ако дојдев само еден ден подоцна, не ќе можев да му помогнам. Јас бев поразен; и сега се поразувам. Секако, тоа не може да биде неоспорен доказ. Има случајности. Веројатно тоа е телепатија.
Стоев покрај постелата на една болна жена, буквално изедена од рак. Само малку да ја поместат, можеа тројца луѓе заедно. Лекарите и ветуваа неколку месеци живот; сестрите (кои секогаш имаат подобра претстава) – броени недели.
Еден добар човек се помоли за неа. После една година таа одеше по стрмни патички, а ренгентологот велеше: „Не, тоа е чудо!“ Можеби и е чудо, но не е доказ. Сите лекари се согласуваат дека нивната наука – не е од точните. Медицинските прогнози често не се потврдуваат и без чуда. Со други зборови, ако сакате, имате право да не поверувате во врската меѓу молитвата и исцелението.
Неволно се појавува прашањето: „Кое сведоштво е неоспорливо?“ Одговорот е едноставен: за разлика од науката, тука такви сведоштва и не може да има. Некои појави се докажуваат од однообразноста на нашиот опит. Законот на земјината тежа – е закон, затоа што никој од нас не видел, телата да не му се потчинуваат. Сепак, дури и да се случи сè она, за кое се молат луѓето, и тоа воопшто не би било доказ за она, што се вика сила на молитвата.

3-600x336

Молитвата – е молба, прозба. Самата суштина на прозбата, која ја разликува од наредбата, е во тоа што може и да се земе во предвид, и да не се земе во предвид. Сигурниот „успех“ на молитвата не би бил сведштво во полза на христијанството. Тоа побрзо е волшепство, магија – способност на некои луѓе дирекно да влијаат врз текот на нештата.
Несомнено, во Евангелието има зборови, кои на прв поглед ветуваат дека ќе се исполни секоја наша молитва. Но таму има и друго. Најдобриот од сите кои се молеле, барал да Го одмине Неговата чаша. Но таа не Го одминала. После тоа треба да ја заборавиме претставата за молитвата како „сигурно средство“.
Многу појави и закони не се докажуваат со опит, туку со проби, вештачки направени проверки, кои ги викаме „експерименти“. Може ли да се направи експеримент со молитвата? Нема да зборувам за тоа дека вистинскиот христијанин нема да учествува во тоа, зашто јасно му е кажано: „Не Го искушувај Господ, твојот Бог“. Добро, тоа е забрането; но дали е остварливо?
Да си замислиме, дека одреден број на луѓе (колку повеќе, толку подобро) ќе се согласат шест недели да се молат за сите болни од болницата А, и да не се молат за болните од болницата Б. Потоа ќе ги пресметаат резултатите, и ќе видат дека во првата болница има повеќе исцеленија, а помалку смртни случаеви. Заради научната строгост, тој опит може да се направи неколку пати, на различни места.
Но, јас не разбирам како може да се молиме во таквите случаи. „… Зборовите без мисла не стигнуваат до небото“, – вели кралот во Хамлет. Да ги кажуваме зборовите од молитвата и да се молиме – воопшто не е исто; во спротивно, за експериментот би биле доволни истренирани папагали. Ако нашата цел – не е исцелението, ние не можеме да се молиме за тоа.
Надвор од границите на експериментот, во царството на молитвата, не постојат ни најмали причини да се посакува исцелението на едни болни, но не на други. Ќе ги читате молитвите не од жалост, туку од научно љубопитство. Што и да прават вашите усни, јазик, колена, вие не се молите. Така, никаков експеримент нема да докаже ништо, ниту да изобличи. Тоа и не е толку тажно, ако се сетиме дека молитвата – е молба, и да ја споредиме со другите прозби.
Ние се молиме и бараме не само од Бога, но и од ближните. Бараме да ни ја подадат солта, да ни ја зголемат платата, да ни ја хранат мачката додека сме на пат, да одговорат на нашата љубов. Некогаш успеваме да измолиме, некогаш – не. Сепак, и во случај на успех, тоа никако не ја докажува со научна строгост причинско-последичната врска меѓу прозбата и согласноста. Можеби вашиот началник едноставно се плаши, да не ве заведат. Што се однесува до љубовта, сигурни сте дека би молеле, ако прекрасната дама уште одамна не ве избрала вас? Другарот, началникот, жената можат да ви кажат, па дури и да мислат дека постапиле така, а не поинаку, затоа што ги замолиле; можеме да не се сомневаме во нивната вистинитост и праведност. Но, забележете – вашата увереност не се основа на научни опити. Таа се раѓа од личниот однос. Ние не знаеме нешто „за нив“ – ние ги познаваме нив.
Убеденоста во тоа, дека Бог секогаш слуша, а некогаш – ги исполнува нашите молитви се раѓа точно така. Оној, кој добро го знае некој човек, подобро ќе разбере, дали заради прозбата или од некоја друга причина го направил она што сме го барале. Оној, кој добро го знае Бога, подобро ќе разбере, дали во одговор на молитвата, Тој ме испратил кај берберот.
Освен тоа, ние погрешно го поставуваме прашањето, како молитвата – да е магија или некаков автомат. Всушност, таа е – или чисто себезалажување, или личен однос меѓу непотполното, како зародиш, создание и совршениот Создател. Молитвата – молба, молитвата – просба, е само мал дел од тој однос. Скрушеноста – е неговпрагот, благоговејноста – негово светилиште, радоста во Бога – негова трпеза. Кога комуницираме со Бога, Неговиот одговор на молбата – е само последица, и тоа не е најважното.
И сепак, молитвата – молбата ни е дозволена, па дури и заповедана: „Лебот наш насуштен дај ни го денес“. Тука ништо не е просто. Знаеме дека Оној кој сè знае, нема потреба од потсетување, Семилостивиот – од умилкување. Но, исто така Тој нема потреба ни од посредници, ни живи, ни неодушевени. Тој би можел да го одржува нашиот живот без храна или да ни даде леб, одминувајќи ги земјоделците и пекарите, да ни даде знаење, минувајќи ги учителите, да ни даде вера, одминувајќи ги проповедниците.
Сепак, Тој допуштил да соработуваме со Него и почвата, и времето, и животните, и нашата мисла и волја. „Бог, – вели Паскал – ја установил молитвата, за да Му подари на Неговото создание голема чест: да биде причина“. Не само молитвата – таа чест Тој ни ја дарува во сите наши дејствија. Чудесно е, што мојата молитва може да влијаа на животот; воопшто не е помалку (или повеќе чудесно) тоа штона него можат да влијаат моите постапки.
Мислам дека Бог не го прави она, што може да ни го препушти нам, луѓето. Тој ни заповеда да го правиме несмасно и бавно она, што Тој би го направил прекрасно и брзо. Тој допушта да ги занемаруваме Неговите заповеди и трпи, ако не знаеме да ги исполниме. Веројатно, ние многу слабо си претставуваме, како соработува ограничената, иако и слободна волја, со волјата на Семоќниот. Така изгледа како Господ непрестајно да Се воздржува, секој миг одрекувајќи се од престолот.
Ние не само што сме потрошувачи или гледачи – нас нè удостоиле со учество во играта Господова. Можеби, тоа е само дело на Создавањето, кое се случува пред наши очи? Ете така, токму така Бог создава нешто – море не, создава богови! – од ништо.
Јас сум склон да верувам во тоа. Но, во најдобар случај – тоа е само модел или симбол. Што и да ни кажат, сè – е само подобие, приказна. Вистината каква што е, е недостапна за нашиот разум. Да садоволиме со малото, да ги развееме лошите сличности и приказни.
Молитвата – не е машина. Молитвата – не е магија. Молитвата – не е совет на Бога. Како и секое наше дејство, таа е поврзана со дејството Божјо, без кое што ништо не значат сите земни причини. Уште поопасно е да се смета дека тие, чии молитви се исполнуваат – се фаворити на Господ, влијателни во Неговиот двор. Само молењето за чашата докажува, дека тоа не е така. Опитен и добар христијанин ми ги кажа суровите зборови: „Сум видел многу исполнети молитви и многу чуда, но тие обично им се даруваат на почетниците – пред обраќањето, веднаш после него. Колку подалеку си отишол на христијанскиот пат, толку се поретки“.

Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?

Значи, Господ ги остава без одговор Неговите најдобри другари? Зашто, Најдобриот од најдобрите викнал: „Зошто си Ме оставил?“ Кога Бог станал Човек, Тој Човек бил утешен помалку од нас, помалку од сите. Тоа – е голема тајна, и дури и да би можел, не би смеел да ја откријам.
Но, да направиме нешто друго: кога и наспроти веројатноста и надежите, се исполнуваат молитвите на таквите како нас, да не се гордееме. Доколку би станале посилни и повозрасни, со нас не би се обраќале толку внимателно и нежно.

Клајв Стејплс Луис „Силата на молитвата“

Извор: http://www.pravmir.ru/klayv-lyuis-sila-molitvyi-audio/#ixzz3Kd0VbfbF