Несправедлива справедливост
Понекогаш Господ допушта, наводна несправедливост според наше мислење. Но Он тоа Го прави за да нè оддалечи нас од поголеми опасности или од лоши луѓе, водејќи нè на таков начин по патот на доброто и љубовта.
Несправедливоста, која ненадејно не посетува и напоменува на нашата душа за несовршенството на овој свет, за неговите правила, ставови и вредности и нè повикува да ги свртиме очите кон Господа и кон Неговите Заповеди.
Затоа нашиот однос кон несправедливоста, треба да биде спокоен, смирен и благодарен. Но, тоа секако не е толку лесно да се постигне.
Пример за тоа може да ни биде животот на големиот христијански подвижник Свети Ефрем Сирин, чија покајна молитва, ние ја читаме во Великиот пост.
Свет грешник
Во својата младост, Свети Ефрем живеел грешен и неодговорен живот, препуштајќи се на различни пороци и лоши дела, но за ниеден грев не бил казнет и осуден. Но еден ден, на неговиот сосед му украле овца, а за тоа бил обвинет Свети Ефрем, бидејќи сите ја знаеле неговата лоша нарав. Иако невин, него го затвориле во затвор. Разочаран од човечката неправда, Свети Ефрем почнал горко да плаче и да повикува кон Бога и да Му се жали за неговата состојба. Но, во затворот, колку повеќе ги слушал животните истории на другите затвореници, толку повеќе ги увидел своите злосторствата, кои ги извршил, а за кои не бил осуден. Па така, Свети Ефрем сфатил дека во затвор не заминал за украдената овца, туку за гревовите што ги направил во текот на својот живот. Го разбрал тоа и искрено се покајал пред Бога, благодарејќи Му за таквото просветлување, а потоа бил ослободен од затворот и прогласен за невин. За краткото време кое го поминал во затвор, во него се случило чудесно преобразување: во затворот влегол како непокајан грешник, а излегол како свет човек.
Во што се состои силата молитвата?
„Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на леност, безволност, властољубие и празнословие.
Дарувај ми, пак, како на Твој раб, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов.
Еј Господи, Цару, дај ми да ги согледам своите прегрешенија, за да не го осудувам мојот брат, зашто Си благословен во вечни векови“.
Оваа молитвата е кратка, односно во неа има само десет прозби, но според својата сила, допира до човекот и го води кон искрено покајание. Оваа молитва, според својот покаен дух, ги надминува сите други молитви, па токму затоа е предвидено да се кажува во Великиот пост, кога Црквата ги повикува верниците да се задлабочат во молитвата, да работат над себеси и да ги обновуват своите души.
Сите зборови на молитвата продираат до длабочината на душата, во која прават силен порив на емоции и поттикнати од нив, ние повикуваме кон Господа: „Помогни ни во борбата со нашите страсти и гревови!“ Така, со скрушено срце се молел Свети Ефрем Сирин, и целиот свој живот плачел и се каел за своите гревови, па токму затоа неговата молитва е исполнета со длабоко покајание и утеха.
Митрополит Антониј (Паканич)
Извор: https://pravlife.org