Ќе потрпиме малку, и ќе добиеме вечно блаженство. Да ги предадеме на заборав сите земни утехи и радости – тие не се за нас. Речено е: каде е нашето богатство, таму е и срцето наше (Лк. 12, 34), а нашето богатство е на Небото, затоа ќе се стремиме со сето срце кон Небесната Татковина. Таму сите наши маки ќе се претворат во радост, навредите и понижувањата – во слава, тагата, солзите и воздишките – во утеха, болестите и трудот – во вечен, безболезен покој.
Преп. Иларион