На 08.03.2019 г., во Митрополијата на Преспанско-пелагониската епархија, се одржа редовното годишно собрание на Епархискиот Управен Одбор.
Собранието го предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, а присуствуваа членовите на Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) од сите Архиерејски намесништва.
На седницата беа разгледани активностите и постигнатите резултати од минатата година, и беше направен работен план за активностите и мисијата на епархијата за 2019 година.