На 19.01.2019 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола.
После Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар го отслужи чинот на Големиот водосвет, а потоа во осветените води го положи Чесниот и Животворен Крст.
Од осветените води, Светиот Крст го извади 22 годишниот битолчанец Јове Стојчевски.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Божествената благодат која спасува ни се јави денес!
Браќа и сестри, многу столетија во Стариот Завет, луѓето очекуваа да се јави Бог. На нашите прародители со првото Евангелие им беше ветено, дека ќе дојде Месијата, односно Спасителот на светот.
Бог и во Стариот Завет, многупати на различни начини се јавувал на луѓето.
Додека нашиот прародител Адам бил во рајот, уште пред да биде создадена жената…