На 13.01.2019 г., во Триесет и третата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот праведен Јосиф Обручник, Свети цар Давид, Свети Јаков, брат Господов, Преподобна Меланија Римјанка, Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски и споменот на Преподобниот маченик Зотик Сиропитател (хранител на сиромашните), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Великомаченица Недела“, во Битола.
Пред почетокот на Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар, благоволи во чин чтец да ги ракопроизведе Божјите чеда Томислав Костовски и Константин Гјоргиевски, а во чин ипоѓакон чедото Божјо Владе Пројковски.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, иврши осветување на новиот црковен базен, при храмот „Света Велиомаченица Недела“.