На 07.01.2019 г., во организација на детската амбасада „За сите деца во светот“, во Прилеп по 12 пат околу 500 деца од Скопје, Ресен, Крушево, Струмица, Демир Капија и Прилеп, присуствуваа на традиционалниот божиќен ручек. Божикниот ручек го благослови Митрополитот г. Петар, а децата потоа добија и новогодишни пакетчиња од прилепскиот градоначалник. На божикната трпеза седнаа деца од различни верски заедници, деца без родители, деца на загинати припадници на безбедносните сили на Република Македонија, како и деца со посебни потреби и истакнати деца членови на детската амбасада „За сите деца во светот“.