На 31.12.2019 г., во предвечерието на новолетието, кога го славиме споменот на Светиот маченик Бонифациј; Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски; Свети Бонифатиј Милостив, епископ Ферентиски; Преподобен Илија Муромец; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи сеноќно бдение во храмот посветен на Свети Игнатиј Богоносец, при манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Не бојте се од оној што може да го убие телото, а на душата не може да и напакости; бојте се од Оној, Кој може и телото и душата да ги фрли во пеколот!“ (сп. Мат. 10, 28).
Браќа и сестри, денешниот светител, Светиот Бонифациј, кој е маченик на Црквата Христова, како и другите светители што денес се празнуваат, а тоа се: Светиот Григориј, епископот Омиритски, како и Бонифатие, епископот Ферентиски, а меѓу нив е и Светиот Илија Муромец…