На 17 и 18 декември 2018 г., кога го празнуваме споменот на Свети Сава Осветен и споменот на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храмот Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Божествената Литургијата, беше одржана свечена Литија низ центарот на градот, со чесните мошти на Свети Агатангел Битолски.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Дивен е Господ во Своите Свети“ (Псал. 67, 35).
Дивен е, браќа и сестри, Господ и во денешниот светител, патронот на градот Битола, преподобниот Нектариј Битолски, кој е светител од нашиот род, роден и одраснат во градот Битола, како што пееме во неговиот тропар. Битола го воспитала да биде светител на нашата Света Православна Црква, а еве по Божја волја, да биде и заштитник на градот Битола. Ова момче, кое растело во најтешките времиња на нашата Македонска нација, а тоа е времето на надоаѓањето во голема мера на силната Отоманска Империја, која рушела сѐ пред себе, а на оние кои ќе даделе отпор, според шериатското право им дозволувале три дена да пустошат, да пљачкосуваат, да убиваат, да силуваат, односно им било дозволено да ги прават силе злодела. Но битолчани, знаејќи дека Господ ги создал луѓето да бидат слободни, бидејќи Бог во апсолутна смисла е слободен, затоа им дал и на луѓето да бидат слободни…
(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»