На 03.012.2018 г., во предвечерието на празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Пречиста, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Празнична Вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородива“, во Битола.
По твоето раѓање, Богоневесто Владичице, си дошла во храмот Господов да се воспиташ во Светињата над светињите како осветена; тогаш и Гавриил беше испратен при тебе, Сенепорочна, носејќи ти храна. Сите небесни сили се зачудија гледајќи како Светиот Дух се вселува во тебе. Затоа, Пречиста и неосквернета Мајко Божја, која си славена на небесата и на земјата, народот наш спаси го.