На 03.12.2018 г., во Дваесет и седмата недела по Педесетница, кога го празнуваме Соборот на семејството на Свети Григориј Палама, споменот на Светиот пророк Авдиј, Светиот маченик Варлам, Преподобен Варлам, Светиот принц Јоасаф, Светиот маченик Илиодор и Преподобниот Порфириј Кавсокаливит ; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храмот Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Лицемеру, зар не го одврзувате вашето магаре и вашиот вол во саботен ден, и не го водите да ги напоите вода? Не требаше ли оваа жена, која сатаната осумнаесет години ја беше врзал, да биде разврзана или ослободена од нејзината болест во саботен ден“ (сп. Лука 13, 15-16).
Браќа и сестри, вака нашиот Спасител Господ Исус Христос се обратил кон старешината на синагогата, а синагогите биле старозаветните храмови, каде што проповедале првосвештениците и свештениците.
Таму во еден саботен ден, Господ проповедал. Кога бил во синагогата или храмот, видел една жена, ја повикал и ја ставил на средината од храмот…