Многу често се случува, духовните болести да станат причина за телесните болести, но ретко се случува телесната болест да доведе до духовна болест. Светите Отци говорат за тоа, дека телесната болест може да послужи како орудие за исцелување на одредени болести на душата: нашето тело често е подложено на болести, за да се исцели душата, и на таков начин се умртвува гревот, за да живее правдата.
Коренот на сите болести и на секое зло во овој свет – е гревот. Болеста не се појавува сама по себе од никаде, без причина: тоа, како ние живееме, колку искрено и внимателно ги исполнуваме евангелските заповеди, зависи од нашата состојба. Во тој случај, ако ние ги занемаруваме барањата Христови во однос на моралната чистота и духовното совршенство, тогаш нашата душа сигурно ќе боледува. Болеста на душата сигурно ќе предизвика болест на телото.
Но, во исто време, физичките болести често се појавуваат како средство за испитување на нашата вера и верност кон Бога. Сеќавајќи се на ова, ние исто така, не треба да заборавиме за надмоќта на духовното здравје над телесното, и за важноста да се грижиме пред сè за душата, а дури потоа за телото.
Во Евангелието од устата на Спасителот звучи реторичкото прашање: „каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?“ (Марко 8, 36-37). Одговорот на ова прашање е очигледен, но неговата смисла не е едноставна за разбирање на човекот, кој е заглавен во рутината на животните проблеми: „кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси“ (Марко 8, 35).
Извор: https://pravlife.org