Човекот и неговата вера

 

Како што очите ги гледаат сетилните предмети, така верата преку духовните очи гледа во невидливото. (Преподобен Исак Сирин)

Човекот е роден со чувство за доверба. Детето е мирно во рацете на мајката, која за него во првите денови и недели го опфаќа целиот свет, целата Вселена. Таа девет месеци го носи под нејзиното срце, и тоа е неразделно од неа. Неговата мајка е извор на живот, храна и топлина за него.

Светот за детето, постепено се шири. Неговата нежна и чиста душа болно ги согледува несовршенствата на светот, кои му го даваат животното искуство. Човекот почнува да разбира дека не можете секому да се доверува, но чувството на доверба никогаш не исчезнува. Тоа е поставено од Создателот и останува до крајот на животот. Ние им веруваме на наставниците кои нè учат, на екипажот во авионот, во кој седиме, за да стигнеме некаде, на хирургот кој нè оперира. Во повеќето случаи, ние не ги познаваме, но веруваме во нивната професионалност и искреност. Во нашите животи, ние секојдневно пројавуваме вера и доверба.

Во различни животни околности, човекот се стреми да најде заштита и поддршка не само за да ги избегне реалните опасности, туку и да се ослободи од стравот и вознемиреноста, да ја стекне смислата на животот, и смирено и самоуверено да се стреми кон достигнување на повисоки цели. Во светот во кој има многу непријатности, невозможно е да се најде такво прибежиште. Заштита и поддршка може да најдеме само во Бога. Верувањето во Бога е цврста и сигурна основа за човечкиот живот. Словенски збор надежда, надеж, доаѓа од придавката „надежен“. Верата е силно сидро, кое ни помага да застанеме во брановите на секојдневните бури и да не се срушиме врз камењата. Не е случајно што сидрото е првиот христијански симбол на верата и надежта.

Човекот ги соединува двата света – видливиот и невидливиот,  соединува две природи – физичката (телото) и духовната (душата). Ние телото го гледаме и го чувствуваме, но има многу докази и за постоењето на душата, ние ја чувствуваме и ја разбираме нејзината болка, нејзините радости и потреби. Затоа, човечкиот живот не може да се ограничи само на задоволување на потребите на телото. Душата е дел од невидливиот свет, кој има свои закони. Затоа, таа мора да води духовен живот, следејќи ги тие закони.

За да бидеме здрави, да имаме плодови и да го наследиме вечниот живот, душата треба да се стреми да го спознае Бога и да се соедини со Него како со Извор на животот. „Телото не може да живее без дишење, а душата невозможно е да постои, ако не го запознае Создателот“ (Свети Василиј Велики).

Што е неопходно, за да живееме правилен духовен живот, кој ќе принесува плодови? Пред сè, потребна е – вера. Без неа, ние не можеме да се надеваме на Бога, да се молиме на Бога и да го љубиме Него. Бог се обраќа кон секое човечко срце. Одговор на тој Божји повик е верата. Глувоста, нечувствителноста кон Божјото обраќање или несакањето да го следиме тој повик, е неверието и тешката болест на душата. Верата му се дава на човекот од Бога, но човекот за да ја добие, треба да го поправи својот гревовен живот. Првиот чекор кон тоа, треба да биде покајанието. Тогаш во душата ќе се појави првиот никулец на верата, кои со текот на времето ќе донесе спасителен плод.

Верата започнува со мал и едвај забележлив никулец: Верувам Господи! Помогни му на моето неверие. Овој молитвен плач со солзи, се излеа од таткото на тешко болниот син, како одговор на зборовите од Спасителот: „Ако можеш да поверуваш? Сè е можно за оној што верува!” (Марко 9, 23). Кога ние ќе сфатиме со сето свое битие, дека само Бог може да ни помогне, и никој освен Него не може да нѐ излечи од гревот и да нè спаси од вечна смрт, тогаш нашата вера почива врз добра почва и донесува плодови. Затоа, чувствувајќи ја желбата за да веруваме на Бога, потребно е да го молиме Бога, Он да ја подигне и да ја зголеми таа вера во нас. Ни една молитва Бог не ислопнува толку брзо и лесно, како оваа!

Секој што го бара Бога, ја повикува Светата Црква да му помогне. Во неа, преку Светите Тајни пребива самиот Господ, Кој ни  дава можност да се соединиме со Него. Ако ние, не само со нашиот ум, туку со нашето срце, ја прифатиме оваа вистина, тогаш Евангелието ќе се отвори за нас, како радосна вест за нашето спасение и нам ќе и бидат достапни тајните на Царството Небесно. Најголема од нив е  – љубовта. Како што Господ ги поучува Своите ученици: „Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Јован 15, 12). За нашата вера да не биде нестабилна, потребен е труд. Тој започнува со молитва кон Бога. И Господ ќе одговори на молбата. Но, за да не се загуши никулецот на нашата вера во трњето, ние мораме да се очистуваме од нив (од самољубие, грешни навики, страсти, духовна раслабеност и мрзеливост). Птиците нема да го  исколваат семето на нашата вера, и плевелот нема да ја загуши, ако почесто се оддалечиме од светската суета и го засакаме храмот. Таму, под закрилата на Севишниот (Псал. 90, 1), нашата вера ќе биде заштитена од сè што е штетно, растејќи и носејќи добри плодови. Конечно, почвата на душата мора да омекне и да се загрее. Ништо не ја прави нејзе толку камена и ладна како самољубието и  сконцентрираноста кон себеси. Овие зла се надминуваат со добри дела и активна љубов кон луѓето, сеќавајќи се, дека „верата без дела е мртва“ (Јаков 2, 20).

Извор: https://pravoslavie.ru