На 21.10.2018 г., во Дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобна Пелагија, Преподобна Таиса и Светата маченичка Пелагија; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храмот Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Кој има уши да чуе, нека чуе!“ (сп. Лука 8, 8).
Во денешното Свето Евангелие, браќа и сестри, Спасителот наш Господ Исус Христос, на присутниот народ и Апостолите, им кажал една парабола, а параболата во Светото Писмо, и кај Светиот апостол и евангелист Матеј, и кај Светиот апостол и евангелист Лука, е именувана како парабола за „Сејачот и за семето“.
Имено, вие што бевте присутни за време додека се читаше Светото Евангелие, ја слушнавте параболата, а за оние што дојдоа подоцна, ќе се потрудиме да ја прераскажеме. Имено, Спасителот Господ Исус Христос ја кажал следнава парабола: Излезе сејач да сее; и кога сееше, семето што го посеа…