21.11.2014 Св. Архангел Михаил, Варош – Прилеп

На 20/21.11.2014 година, на празникот на св. Архангел Михаил и сите бесплотни сили, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи вечерна, а утрото и Божествена литургија во манастирот во Варош, посветен на св. Архангел Михаил.

Христијаните посебно е потребно да имаат чисто срце, затоа што со срдечните очи треба да Го гледаат Бога, каков што е – со Неговата љубов кон нас и со сите Негови совршенства, убавината на Ангелите, сета слава на Владичицата, убавината на Нејзината душа и Нејзиното величие како Мајка Божја, убавината на душите на Божјите светии и нивната љубов кон нас; треба да ги гледаме, какви се во самите себе, треба да ги гледаме вистините на христијанската вера со сите нејзини таинства и да го чувствуваме нивното величие; треба да ја гледаме состојбата на нашите души, особено нашите гревови. Зашто нечистото срце, т. е., зафатено со пристрасност кон земното, кое во себе ги храни плотските похоти, похотта на очите и гордоста житејска, не можат да видат ништо од она што кажавме.

Св. Јован Кронштадски

P1090015

varosh

varosh1

P1090028

P1090040

P1090041

P1090047

P1090050

P1090054

P1090057

P1090059

P1090064

P1090065

saint_nektarios_egina_1