Писмо до сестрата, која под своето срце носи младенец, но не го сака неговото раѓање

«Блажени се милостивите,
Зашто тие ќе бидат помилувани»
(Мт. 5, 7).

«Нема поголема љубов од таа,
некој да ја положи душата своја за пријателите свои»
(Јн 15, 13).

Здраво, мила моја… Здраво најдрага…

Со каква среќа и тивка, скриена нежност се исполни моето срце кога ја чу веста, дека наскоро во овој живот ќе влезе нов човек! Колку вистинска радост, преку него ќе влезе во нашиот живот и во животот на многумина, кои со него ќе се сретнат!
Знам дека ќе биде сличен на тебе, со исти такви љубезни очи. И ти ќе се радуваш, кога ќе ти кажуваат колку сте слични. Замисли: отпрвин ќе му се радуваме на се, на неговата насмевка, косичка, прстиња, рачиња. А потоа ќе мислиме и ќе се чудиме, како сме живееле без него до сега? Потоа ќе го научиме да оди. И кога за првпат ќе те нарече мама, ти ќе заплачеш од среќа… А можеби, само тивко ќе се радуваш и ќе Му благодариш на Бога. Колку пати ќе го прегрнам и ќе се стоплувам од неговата љубов! И можеби тогаш, постепено ќе се залечат старите рани на мојата душа, кои сеуште болат при било каква промена во животните климатски услови. Можеби, тоа ќе биде тој дар од Бога, кој ќе ја исцели и твојата душа, и твоите рани.
Јас дури не сакам ни да спомнувам за тоа, на што ти си се решила. Мене ми е страшно. Размислувајќи за тоа, гледам како двете паѓаме во смрдлива бездна, полна со неискажливи страдања. Во неа паднале веќе милиони души. И ми доаѓа да врескам од ужас. Но најстрашното е, што ти неповратно ќе го фрлиш во бездна тој човек, кој треба да биде мојата долгочекана среќа. Наша среќа. Јас не сакам тој, моето сонце, да биде растргната, крвава грутка. Малечкото, кое уште сега неизмерно го љубам, но кое што нема да можам да го воскреснам никогаш. Не лишувај ме од таа утеха, те молам. Можеби, тоа ќе бидат токму долгоочекуваните, кои никако не доаѓаат , утеха и радост во твојот многустрадален живот.
Јас веќе не сум млада, и мене толку ми недостига детската љубов, милите бакнежи, восхитената радост од ситници, нежни насмевки, беспомошни, доверливи рачиња… Како да те наговорам? Од каде да земам мудрост и зборови? Како да ги допрам струните на твојата душа, за да не ти даваат мир, за да не се одлучиш на нешто непоправливо, страшно, кое ја заледува мојата душа и свест, на она, за кое толку упорно ти шепоти демонот…
Сестро, не слушај го! Тој е човекоубиец од памтивек. Тој сака да те заспие и да ти го украде дарот Божји… Разбуди се… Нам толку ни недостига љубовта. Во децата Господ ни испраќа голем дар. Да не бидеме неблагодарни. Знаеш, јас не можам да допрам до другото срце. За тоа е потребна светост. Да би можела – би ѕвонела во сите камбани на твојата душа и ден и ноќ, само ти да би се разбудила од таа безумна состојба. Но, не знам да го направам тоа. Само се молам.
Сакам да ти раскажам две истории, за кои често размислував, и кои што не ми даваа мир. Не ти имам раскажано за нив. Еднаш, со моите деца удомивме малечки мачиња. Тие беа исфрлени на улица, како непотребно ѓубре. На едното од нив, се гледаше дека кола ми ги откинала задните стапала. Тоа едвај ползеше, движејќи се само со предните. Другиот, гледајќи ја беспомошноста на братчето, толку предано и бестрашно го заштитуваше, што беше невозможно да гледаш во нив без солзи на умиление. И сфаќаш, дека тој силно го љубеше и се бореше за него до смрт. Тој грчеше на сите што сакаа да се доближат до неговиот брат. Се жртвуваше со својот живот. Тоа малечко, бесмислено животно, на само еден месец од својот живот, разбираше сè. Тој дејствуваше онака, како што треба да дејствуваш ти…
Свести се, те молам. Дури и ако мислиш, дека никому не си потребна, знај – ти си Му потребна на Бога. Ти си му бесконечно потребна на нероденото дете. Разбуди го во себе мајчинскиот инстинкт. Стани заштитничка на беззаштитниот. И за тоа тебе ќе те заштити и помилува самиот Господ.
Ќе ти раскажам и трогателна случка: кај тие мачиња на ѓубриште доаѓаше една кучка, да ги храни со своето млеко. Таа ги жалеше оние кои никому не беа потребни, и им го даваше своето млеком, можеби оставајќи ги недоранети и своите кученца. Зарем животните се подобри од нас? Разбуди го во себе милосрдието. Не се предавај, не се согласувај на големата подмолност.

majka

Еве уште една случка, која ме потресе до длабочината на душата. Ти знаеш дека ние живееме во шума. Некој, изгледа, сакаше да се ослободи од веќе старата ловџиска кучка и ја оставил на улица. А можеби било и поинаку, не знам. Таа некогаш доаѓаше кај нас, јас ѝ давав да јаде, и така се спријателивме. Еднаш, долго време ја немаше, и потоа дојде. Таа држеше нешто во уста и шеташе наоколу. Конечно, ја остави малечката грутка на земја и почна да виде, старечки, истоштено, безнадежно. Тие звуци ми го кинеа срцето. Погледнав и го видов нејзиното мртво кутре. Таа, стара, болна, напуштена од сите, се свила над него како човек. Цел ден страдаше. Го носеше, ми го покажуваше, го земаше пак во уста и го враќаше назад. Бараше помош од мене. Мојата душа страдаше со нејзиното страдања. Доаѓаше кај мене за помош и утеха. Но, што може да направи човек? Како да го утеши животното кое страда? Таа не го зеде предложеното јадење, и на сите им покажуваше со својот изглед, дека нејзе ѝ е потребно само нејзиното кутре, живо, кое ќе ја сака и ќе стане за неа голема радост и утеха…
Знаеш, со тек на време, јас почнувам да сфаќам зошто Господ ни дава да видиме нешто. Тој разговара со нас преку сè што гледаме и доживуваме. Да го видам сето тоа, мене ми беше дадено заради тебе. Изгледа, Господ сакал да ти раскажам за тоа.
Растопи го своето срце. Воскресни го за љубов и заштита. Заборави на себе. Стани храбра. Помни само за тоа, дека ти си веќе мајка. Ние сме луѓе, и нам ни е даден дар на бесмртна душа. Не ја погубувај таа душа. Те молам, повикува кон тебе мојата душа, сестро, слушни ме! Помисли и на мене , на крај.
Сети се, како јас растргната, после парализата и болките од ракот, се учев повторно да одам. Како, после некое време дознав дека чекам дете. Јас бев среќна, дека мојата ќеркичка ќе си има сродна душа. И дека ако ги напуштам, тие нема да бидат осамени во животот. Сети се и на тоа, какви страдања тогаш поднесов. Зашто лекарите ми велеа дека детето ќе се роди како изрод, со тумур на мозокот, а јас ќе умрам при раѓањето.
Јас веднаш решив, и да умрам, детето нема во никој случај да го предадам. Колку се мачев, и се молев Господ да ми даде утеха. Тогаш, уште многу млада, влегов во црква (единственото прибежиште за мене во сите животни околности) и на колена ја исплакав болката на мојата душа пред Господ. И Тој ме услиша. Кај мене дојде еден свештеник. Дознавајќи ја причината за моие солзи, се сожали на мене и ми посоветува да ја читам молитвата „Богородице Дево, радувај се“ онолку пати на ден, колку што можам. И јас ја читав непрестајно. Не се плашев од смртта и од болеста на детето. Бог ми даде сили и храброст да го примам сето тоа.
Многу работи преживеав тогаш. И болеста на татко ми, кој ми умре на рацете (кога го одвезе „Итната“, јас, стоејќи на колена, го молев Господ да го помилува татко ми), и заминувањето на мажот. Потоа лежев во патологија и ги гледав неискажливите страдања и непоколебливата волја на жените, кои се жртвуваат себеси, своето здравје заради своите идни деца. Се сеќавам и на тоа, како останав сосема сама за време на пораѓањето, и знаејќи ја обичната рамнодушност на лекарите, до длабочините на душата бев трогната од нивната неочекувана сочувствителност кон мене. Од мене не се оддалечуваше ниту дежурната докторка, која бараше од мене да викам и сето време ја галеше мојата рака, ниту санитарката, која ми ставаше инекции… Сите лекари и сестри постојано ми приоѓаа со срдечно сочувство. А јас се срамев од сè, посебно од својата запоставеност и отсуство на пари, и само постојано им благодарев за сè. Така, Господ на видлив начин ми даде утеха во нивните лица.
И каква среќа беше, кога јас, сосема обесилена и речиси во несвест, го видов своето малечко момче! Тоа не беше накажено, и тоа беше чудо. Само заради недоносеноста, имаше големо носе. А кога за првпат ми го донесоа во собата, тој запеа. Ти некогаш си слушнала, како пеат новородените? Јас дури и не знаев, дека се случува такво нешто. Тој се роди во Неделата на Сите Светии. Тогаш јас постојано се наоѓав во таква состојба, што ми се чинеше дека Небото е отворено. Неземен мир ме обвиваше. Мојата душа беше преисполнета со благодарност кон Бога, Богородица и сите небожители.
Сестро… Повикај го Господа со вера, и не отстапувај од Него во молитвата. Деќе и ноќе проси, молејќи Го за помош. Заборави на себеси. Собери ги сите свои сили и отиди во црква на исповед. Дури и сите сили во светот да се кренат против тебе. Држи се со молитвата за Богородица. Никогаш не се случило, Таа да го остави човек во мака. Нема да те остави ни тебе. Само започни усрдно да се молиш уште сега. И да ти помогнат Господ, Мајката Божја и сите светии секогаш и во сè.
Секогаш, тебе предана сестра, која те љуби и се моли.

tamara

Тамара Манелашвили

Извор: http://www.pravoslavie.ru/jurnal/75359.htm