Не пости без љубов! – Архимандрит Андреј (Конанос)

 

Јас би бил многу радосен, кога би слушнал дека ти во овие посни денови постиш, и секако, ако тоа го правиш со љубов и смирение, односно со љубов кон Бога, кон Неговата Пречиста Мајка и кон луѓето. Ако видам, дека ти во супермаркет купуваш шунка, знај: јас нема да се соблазнам, бидејќи ќе помислам, дека ти тоа го купуваш за своето малечко дете. Ако видам дека купуваш млечни продукти, тогаш ќе помислам, дека ти го исполнуваш советот на твојот доктор, да јадеш млечни продукти. Ако видам, дека купуваш говедско месо, тогаш ќе помислам, дека тебе ти недостасува железо и дека имаш слаба крв. Дури и да живеам во соседството, и да почувствувам мирис на пржено месо, јас својата помисла ќе ја насочам кон тоа, дека ти иако јадеш месо, не ги осудуваш другите, како што јас ги осудувам, и кое правам голем грев.

Всушност, во овие денови ќе се обидам да направам добрина таму, каде што мојот помрачен ум сака да посее отров, зло и осудување. Јас постојано си го поставувам  исто прашање: зошто јас постојано се грижам за животот на другите, а за својот живот не размислувам.

Ако ти нешто не знаеш, подобро не говори. Сите ние сме навикнати, постојано да ги коментираме другите. Пред Бога, секогаш настојувај да бидеш, колку што е можно повеќе искрен, отворен и праведен.

Се сеќавам, како заедно со еден свештеник, шетајќи по жешките  атински улици, решивме да се напиеме сода во лименка. Јас се двоумев, бидејќи во исти такви лименки се продаваше и пиво. Размислував: да купам или не, и на крај решив да купам. Понатаму, одејќи покрај Акрополот, слушнав еден извик упатен кон мене: „Отец, за твоето здравје!“ Човекот кој извикуваше, мислеше дека пиеме пиво. Му возвратив: „Ова е сода, а не пиво“. Потоа си реков: дури и ако е пиво, во што е проблемот? Зарем е трагедија, во лето да се напиеш ладно пиво?

Не ги осудувај другите и не се фокусирај не нивните забелешки, дека ти неправилно постапуваш, говориш или се облекуваш, бидејќи луѓето било што можат неправилно да разберат, најглавно е тебе совеста да ти биде чиста пред Творецот. Живеј понатаму, бидејќи животот продолжува, и не обрнувај внимание на овие мали нешта. Најглавната работа е – секогаш да живееш со Бога. Ние за сè говориме многу, а всушност, за сето тоа знаеме многу малку. На тој начин ние ги осудуваме другите.

Еднаш во среда, на својата Facebook страница објавив фотографија од грчка салата. По кратко време, некој во коментар ми напиша: „Зарем не се срамите отец, да ставате сирење во салата во посен ден!“  Во денешно време, насекаде провејува некое лудило, за кое не сакам да говорам, а сето тоа е реалност.

Избери го својот вистински животен ритам, и уживај во животот. Најглавно е – да бидеш одговорен пред Бога и пред пет или шест блиски луѓе, со кои живееш добро, и кои добро те познаваат тебе, твојата душа и твоето битие. Не обрнувај внимание на општеството, остави ги да го живеат својот живот, а ти живеј го својот, постојано усовршувајќи се.

Успех во сите ваши добри дела!

Архимандрит Андреј (Конанос)

Извор: https://pravlife.org/ru