Некој може да се жртвува себеси на жртва заради другите, односно да им помага на сиромашните, да се грижи за болните, и во исто време да се радува, бидејќи тоа го прави, го прави со своите лични убедувања и таланти. Таквиот човек, кога ќе наполни деведесет години, нема да жали за тоа што го правел, бидејќи тоа било длабоко во неговото срце и ќе продолжи да живее со тоа.
Кога ќе го најдеш својот талант и ќе го умножиш во себеси, тогаш ќе се исполниш со среќа за целиот живот, а кога ќе остариш и ќе треба да го напуштиш овој свет, ти ќе бидеш среќен, бидејќи ќе се сеќаваш на живот кој си го живеел. Тогаш ќе речеш: „Деневите на мојот живот не беа залудно поминати. Јас живеев така, како што сакав да живеам. Јас бев среќен. Јас не жалам за тоа што го правев. Сè беше направено со добро расположение, ревност, бодрост и желба. Јас сум среќен што така живеев“.
Треба да разбереме, дека Христос нашиот Бог, дојде во овој свет, за секој од нас да го најде својот личен талант, да одговори на Божјиот повик и да го живее својот живот. Христос те повикува да го живееш својот живот.
Светиoт апостол Петар го запрашал Господа: „Господи, што ќе биде со Јован?“ Христос му одговара: „Што ти е тебе?“ т.е. „Ти Петаре, врви по мене и живеј го својот живот. Зошто ти прашуваш за Јован? Можеби, Јас сакам, Јован да живее до тогаш, додека Јас не се вратам да му судам на светот. Прашањето е во тоа, зошто тебе тоа толку многу те вознемирува? Зошто ти се занимаваш со животот на другите? Ти следи ме Мене, живеј го својот живот и живеј со Бога. Дозволи Бог да влезе во твоето сопствено срце и да ги разоткрие твоите лични дарови. Насладувај се на својот живот“.
Кога Христос сакал да го излекува некој болен, лепрозен или слеп, Он го правел истото. Првото, што го прашувал болниот било: „Сакаш?“ Ти сакаш, Јас да ти направам добро? Ти го сакаш тоа? Ти имаш желба да живееш? Да се радуваш? Да одиш понатаму?
Некој луѓе мислат, дека Христос дојде, за нас да не умртви. Единственото умртвување, кое Христос го одобрува во нашиот свет, – е умртвувањето на нашата неправда. Он дојде, за да ја умртви неправдата во нашиот живот, но нè и желбите на срцето. Он дојде, за да ја излие врз нас благодатната роса на Светиот Дух и Својата Крв, која оживува. За време на примањето на Причесната на Светата Божествена Литургија ние говориме: „Сесветата и Животворна Крв, на Спасителот наш Господ Исус Христос“. Ние нејзе ја нарекуваме Животворна, бидејќи таа Крв во себе содржи живот. Таа има живот, и дава живот.
Ти се будиш наутро, го гледаш својот нечесен живот и говориш: „Што да правам?
Како ќе помине овој ден? Ах… уште еден досаден ден! За мене ништо нема смисла, мене не ми се допаѓа тоа што го правам, на ништо не се радувам…“. И ете, во твојот живот доаѓа Христос и ти говори: „Научи се, да се радуваш, на тоа што го правиш. Ако не ти се допаѓа, тоа што го правиш, замени го со нешто друго. Најди нешто друго. Направи било што, за твојот живот да биде среќен“. Христос од нас бара бодрост и радост.
Архимандрит Андреј (Конанос)
Извор: https://pravlife.org/ru