На 13.07.2018 г. кога го празнувавме споменот на Соборот на Светите Апостоли, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот на Сите Македонски Светители, во Битола.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Нивните зборови се слушнаа до краиштата на земјата, а нивната проповед до крајот на вселената“ (сп. Псал. 18, 4).
Вака псалмопевецот ги опева Светите Апостоли, на кои денеска им го празнуваме Соборот.
Светите Дванаесет Христови Апостоли, не го избраа Господа, туку Господ ги избра нив. Кога дојде времето за проповедтта на Спасителот наш Господ Исус Христос, за да биде проповедана Неговата Света наука, Господ Исус Христос го избра она што е најслабо, она што е просто, она што е неучено, за да ги победи со немудрите, мудрите од овој свет, со слабите, силните од овој свет…