Кога започнуваш да се молиш, си спомнуваш за гревовите и ги оплакуваш. – Така и треба да се молиш. Потоа, некогаш чувствуваш спокојство и радост, и си мислиш, дека тоа е од ѓаволот. – Но, од ѓаволот и да дојде радост, таа, по зборовите на светите отци е растроена, која што не дава на душата мир и тишина. И не се чуди на тоа, што Господ дава во молитвата мир и тишина, зашто не секогаш тоа се случува заради достоинството на човекот, туку заради непознатите судбини Божји. И затоа, кога ќе чувствуваш таква радост и покој, сметај се сосема недостојна за тој дар, и секако укорувај се пред Господа, што поради твојата мрзеливост не можеш да го зачуваш во себе тој дар, и брзо го губиш.
Преп. Јосиф.