„Иако света Параскева живеела во пустина, а не во царски одаи, нејзиното лице било посветло од сите што се милуваат и негуваат во благодетите и комфорот што го пружува материјалистичкото определување и ориентација на животот. Светлината, убавината и чистотата не се категории кои произлегуваат од надворешниот свет.
Светлината, убавината и радоста не се последици на успехот во овој живот и свет; тоа никогаш не е разултат на животот во разноликоста, а истовремено и лажноста на комфорот кој може да ни го пружи материјалното богатство и материјалните добра. Радоста е духовен поим. Тоа е духовна категорија. Радоста е емоција која секогаш зависи од другиот, од нашиот однос со него, или подобро кажано, од нашиот однос со оној кого го сакаме. Ако се спремни да даваме, лишувајчи се себеси од комформизмот, да му даваме простор на другиот да се развива во наша средина, па и да се рашири, ако во темелите на тој однос е љубовта, тогаш ние потполно сме исполнети со радост“.
Митрополит Порфириј