На 17.06.2018 г., во Третата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за Свети Митрофан патријарх Цариградски; Светиот маченик Конкордиј; Светите маченици Фронтасиј , Северин, Северијан и Силан; Преподобен Зосим и Светите сестри Марта и Марија; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Не грижете се за вашиот животот на земјата, што ќе јадете, што ќе пиете, или во што ќе се облечете? Најнапред барајте го Царството Божјо и Неговата правда, а останатото ќе ви се придаде (сп. Мат. 6, 31-33).
Во оваа Трета недела по Педесетница или Духовден, браќа и сестри, слушнавме од денешното Свето Евангелие, како Господ укажува на најбитните работи на човекот за време на неговиот живот на земјата. Евангелието започна со зборовите: „Ако окото ваше е светло, целото ваше тело ќе биде светло. Ако окото ваше е темно, тогаш целото ваше тело ќе биде темно“ (сп. Мат. 6, 22-23).