Зарем ние доаѓаме во овој свет, за да поживееме одреден број на децении и потоа да умреме? Зарем ние сме создадени за тоа, за да се грижиме целиот живот, да се мачиме, да страдаме и потоа да исчезнеме? Не! Човекот е создаден за блаженство.
Потрагата по блаженство – е непремостливо чувство во човекот, и затоа ние гледаме дека, секој човек: и умен, и прост, и стар, и млад – сите за себеси сакаат добро, да живеат подобро, барајќи среќа. Сепак не сите еднакво бараат, и не сите тоа го сметаат за највисоко добро, но не постои ни еден човек во светот, кој не сака да напредува, како што тој самиот мисли и разбира. Така, гладниот сака да биде сит и задоволен, сиромавиот сака да биде богат, богатиот сака да има чест и слава, друг човек сака да биде познат – и така натаму. На кратко, секој сака да биде среќен и блажен.
Во што се состои блаженството и среќата? И среќата, и блаженството – се вечни и неизменливи поими. Нив можеме да ги постигнеме само ако ние живееме живот во заедница со Бога.
Сепак е многу чудно, бидејќи човекот со сиот свој ум и со сета своја ученост, многу често го бара временото, а вечното го остава: се труди за преодното, а го занемарува вистинското и суштинското. Се грижи за здобивање на земни работи, и не размислува за вечниот живот.
Неопходно е главната грижа да ја имаме за душата и за нејзината состојба, а дури потоа да се грижиме за материјалните добра. Кога ние ќе го достигнеме мирот во душата, тогаш сè останато – и богатството, и честа, и славата – ќе ни бидат нам дадени, и вистински ќе не направат среќни.
Да се потрудиме сите наши желби, мисли и молитви, да ги насочиме кон тоа за да добиеме вечен живот во заедница со Бог, и во секојдневниот живот почесто да си спомнуваме на зборовите од Спасителот Христос: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде“ (Мат. 6, 33).
Mитрополит Антониj (Паканич)
Извор: http://pravlife.org